Започнаа последователните активности за „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“ во Пелагонскиот регион
Article Index
Пет организации започнаа со пилотирање на (DigiPAC) на локално ниво во 5 општини од Пелагонскиот регион (Битола, Новаци, Могила, Ресен и Прилеп). Во текот на септември ќе се реализираат серија на работилници за поттикнување на дигитално учество и активно граѓанство на младите, запознавање со Е-учество и користење на алатката OPIN www.opin.me.
Повеќе од 160 млади, до сега се запознаа со начините за активно граѓанство, Медиумска писменост, правилно однесување на интернет „Нетикет“, младинско учество и дигитално младинско учество.
На OPIN се поставени различни проекти и иницијативи од младите кои се почеток на активно и демократско учество на младите.
Коалиција СЕГА обезбеди менторска поддршка во спроведувањето на последователните активности на локално ниво.
- Prev
- Next >>