За Нашата Организација
СЕГА е национална платформа на младински организации посветена на лобирање за потребните законски измени, како и поддршка на младинскиот активизам, пристапот до информации и учеството на младите во активности за решавање на нивните проблеми.
-
Собрание – составено од сите челнови;
-
Управен Одбор – составен од пет претставници од основните членки;
-
Надзорен Одбор – составен од тројца претставници од членовите на Собранието.
Извршната структура е организирана во Централната канцеларија, која се наоѓа во Прилеп, и четири подрачни канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и Скопје. СЕГА работи и со два младински информативни и советодавни центри ИНФОСЕГА во Прилеп и Кавадарци.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ
Нашата Мисија
Desires to obtain
СЕГА работи на развој и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации со цел активирање на младите и подобрување на условите за нивен личен и професионален развој.
Нашата Визија
Resultant pleasure
Младите делуваат на промените и развојот на Македонија, учествуваат во донесување на одлуки на локално и национално ниво за прашања кои директно ги засегаат. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат.
Нашите Вредности и Работни Принципи
Except to obtain
- Активно застапување за интересите и потребите на младите и младинските организации во Македонија;
- Поттикнување на пристапот одоздола - нагоре во редовната работа;
- Отвореност за соработка со организации истомисленици од Македонија и од странство;
- Активна соработка со сите институции на национално и локално ниво кои имаат надлежности поврзани со потребите на младите;
- Проактивност во информирањето и решавањето на младинските прашања;
- Застапување за зголемување на достапноста на младите во формалните младински организации во Македонија;
- Застапување за зголемување на обемот на работни области на младинските организации во Македонија;