Во рамките на националната кампања: #Волонтирај за доброто на твојата заедница! #Инспирирај ги младите околу тебе!, Младински Совет Прилеп како дел од Коалиција на младински огранизации СЕГА организира ИНФО ДЕН во центарот на Прилеп.
На 21 јуни 2019 година, во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје се одржа Конференција „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“. Оваа Конференција е во рамките на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници” кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
- Во Тетово се одржа последната локална дискусија од предвидените пет на темата: „Предизвици на практикување на волонтерството во заедницата“
- Во Струга одржана Национална работилница за креирање на позицски документ со препораки за превенција на насилен екстремизам
- Одржана локална дискусија во Кавадарци на тема:„Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“
- На 12.06.2019 година, во просториите на Коалиција на младински организации СЕГА, Младински Совет Прилеп одржа панел дискусија на тема: „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“.

