- Што значи да се биде организација членка на СЕГА?
- Кој може да биде организација членка на СЕГА?
- Кои се одговорностите на организациите членки?
- Кои се нивоата на членство во СЕГА?
- Кои се причините за престанок на членството во СЕГА?
- Зошто вашата организација треба да биде членка на СЕГА?
- Како вашата организација може да стане членка на СЕГА?
- Дали е можно да се промени статусот на членство?
- Како организациите членки влијаат врз донесувањето одлуки и политиките на СЕГА?
Што значи да се биде организација членка на СЕГА?
Како членка на СЕГА, вашите организации стануваат дел од националната платформа на младински организации со 20-годишно искуство и имаат обезбеден пристап до бројни ресурси и можности. Од организациите членки на СЕГА се очекува активно да придонесат во работата и развојот на Коалицијата.
Кој може да биде организација членка на СЕГА?
-
кои се независни, имаат сопствен Статут и програма и се регистрирани според важечката законска регулатива
-
каде мнозинството од членовите се млади луѓе
-
кои развиваат и водат програми за млади
Кои се одговорностите на организациите членки?
Одговорностите на организациите членки вклучуваат: редовна исплата на членарина; редовна комуникација со персоналот на централната канцеларија на СЕГА; доставување информации до СЕГА за нивните точни податоци за контакт, организациска позадина вклучувајќи ги мисијата и визијата на организацијата на македонски и на англиски јазик; примање и споделување написи и информации до други релевантни чинители на барање на СЕГА; придонес во секое истражување и прашање поврзано со организациските политики, консултации, состаноци на Собрание на СЕГА или други форми за учество организирани од СЕГА; учество на настани организирани од СЕГА на локално и национално ниво; учество во спроведувањето на програмите на СЕГА; развивање и негување на угледот на СЕГА итн.
Кои се нивоата на членство во СЕГА?
Постојат две нивоа на членство во СЕГА: Основни организации членки и придружни организации членки.
Основните организации членки ги имаат следните права:
- право на глас и право на учество во донесување одлуки за сите прашања релевантни за работата на Коалицијата на младински организации СЕГА
- право нивните претставници да избираат и да бидат избрани во сите тела на СЕГА
- право на учество во спроведувањето на програмите и стратегијата на Коалицијата
- развивање и негување на угледот на СЕГА
- редовно плаќање членарина
Придружните организации членки имаат право да учествуваат во работата на Собранието на СЕГА со еден претставник, имаат право да учествуваат во дискусијата и да даваат предлози без право на глас. Телата на СЕГА може повремено да вклучуваат претставници на придружните организации членки. Придружните организации членки имаат право да учествуваат во спроведувањето на програмите и стратегијата на СЕГА.
Кои се причините за престанок на членство во СЕГА?
Членството во СЕГА може да престане поради:
- губење на правниот статус на организацијата членка
- повлекување на членството
- исклучување од СЕГА поради прекршување на Статутот и/или други правилници што ќе ги донесе СЕГА
Зошто вашата организација треба да биде членка на СЕГА?
Како организација членка на СЕГА, вашата организација:
- станува дел од националната платформа на младински организации посветени на создавање на позитивни општествени промени за подобрување на целокупната состојба на младите во Македонија
- има пристап до алатките и ресурсите на СЕГА кои можат да и помогнат на вашата организација да планира, имплементира и оценува настани и проекти
- има ексклузивно право на многу можности, како финансирање на одредени активности, видливост, учество во процесите на донесување одлуки и учество на високо профилирани настани како што се конференции, структуриран дијалог, панел дискусии итн.
- добива редовно информирање за македонските и европските програми, фондови и процедури и има можност да добие поддршка и експертиза во управувањето со проектен циклус и имплементација на проекти
- добива пристап до експерти и консултанти на национално и меѓународно ниво, професионални мрежи, агенции за консултации, како и пристап до мрежите во кои СЕГА има членство вклучително во АЛДА и ЦИВИКУС
Како вашата организација може да стане членка на СЕГА?
Сите заинтересирани младински организации и организации кои развиваат и работат на младински програми може да аплицираат за членство во СЕГА со доставување на следните документи:
- Апликација за членство во Коалицијата СЕГА
- Копија од документ(и) за регистрација од Регистарот на здруженија и фондации издадени од Судот или Централниот регистар на Р. С. Македонија
- Официјална одлука за пристапување кон членство во СЕГА, донесена од страна на управувачки орган на организацијата
- Последен годишен извештај на организацијата
За поеќе информации ве молиме контактирајте не на [email protected] или на телефонскиот број +389 (0) 48 429 390
Дали е можно да се промени статусот на членство?
Доколку некоја придружна членка е подготвена да го промени својот статус во основна организација членка, таа треба да поднесе официјално барање до СЕГА. За ова барање одлучува Собранието на СЕГА.
Исто така, постои можност основната организација членка да го промени својот статус во придружна членка, по барање на самата организација (според истата процедура опишана погоре) или со одлука на Собранието на СЕГА според Статутот на СЕГА.
Како организациите членки влијаат врз донесувањето одлуки и политиките на СЕГА?
Основните организации членки имаат право да учествуваат во работата на Собранието на СЕГА како надреден орган на СЕГА.
Исто така, претставници на основните организации членки имаат право да бидат избрани за членови во Управниот одбор на СЕГА.
Сите организации членки можат да влијаат на политиките на СЕГА преку анкети, прашања поврзани со организациските политики, консултации и/или други форми на учество организирани од СЕГА.