Соопштение за јавност на Коалиција СЕГА за промоција на резултати на проект за поттикнување на дигитално младинско учество

Соопштение за јавност на Коалиција СЕГА за промоција на резултати на проект за поттикнување на дигитално младинско учество

Дигиталното младинско учество (е-учество) им овозможува на младите луѓе да станат активни граѓани на локално и европско ниво. Но, позитивните ефекти од дигиталното младинско учество се видливи само кога процесот на учество се води професионално односно користењето на дигиталните алатки не е доволно за да се обезбеди успешно учество на младите во локалните заедници, институции и младински организации.

За жал, на потенцијалните иницијатори често им недостасува искуство, персонал и финансиски ресурси потребни за да планираат и спроведат успешен проект за е-учество на младите. Проектот „ДИГИ - Дигиталното учество на младите е лесно“ има за цел да го реши овој проблем преку обезбедување ресурси и процес на градење на капацитети на заинтересираните организации кои планираат да ја користат алатката за е-учество на младите ОПИН. Електронски материјали за учење се интегрирани на веб страната ОПИН, професионална дигитална алатка за електронско учество на младите, достапна на 10 европски јазици (www.opin.me). Целта на проектот е да се зајакне и збогати европската инфраструктура за електронско младинско учество, преку доставување модули за учење за:
- Заедница на иницијатори за проекти и простор за размена на знаења и совети за користење на алатката ОПИН („Заедница и форум на Опин“);
- Високо-квалитетни материјали за е-учење и видео обуки, ресурси засновани на текст и аудио
материјали („Материјали за е-учење“);
- Секција за најдобри практики („Жива Лабораторија со најдобри практики“);
- Навигација и оптимизација на корисничкиот интерфејс на ОПИН со цел да се гарантира лесна конфигурација на платформата („Ре- дизајнирање на ОПИН“).
Младинските работници, невладините организации и институциите ќе имаат можност да ги употребуваат овие иновативни и подобрени ресурси, за зголемување на бројот на проекти со кои ќе поттикнат електронско младинско учество и развивање на потенцијалот на е-учество на младите. Резултатите од проектот ги разви Конзорциум од 7 партнери од цела Европa.

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „DIGY - Дигитaлното учество е лесно“ во партнерство со Nexus Institute од Германија, Youth Horizons од Грузија, Heart of Slovenia од Словенија и Агенција за млади од Малта, а истиот е финансиски поддржан од Германската национална агенција преку програмата Еразмус+, Клучна акција 2, Стратешко партнерство и иновации во периодот од 01 септември 2019 до 31 август 2022 година.


Print   Email