2024 - ПОВИК ЗА ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОЕКТОТ „ПРОМОЦИЈА НА БЕЗБЕДНА УЧИЛИШНА СРЕДИНА“
Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се распишува повик до сите основни и средни училишта за вклучување во активностите на проектот.
ЗА ПРОЕКТОТ:
Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.
Цел на проектот: „Придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина во рамките на 26 основни и 24 средни училишта“.
Проектот се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ:
На повикот може да се пријават сите општински основни и средни училишта.
Со повикот ќе се селектираат 13 основни и 12 средни училишта со кои ќе се потпишат Договори за соработка за периодот октомври 2024 – август 2026 година.
ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ЦЕЛОСНИОТ ПОВИК:
Сите информации поврзани со тоа што вклучува проектот, кои се очекувањата од партнерските училишта, критериумите за избор и начинот на пријавување се содржани во документот на следниов линк: Повик за основни и средни училишта за вклучување во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ .
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Сите заинтересирани основни и средни училишта може да се пријават на електронски начин за вклучување во проектот со пополнување на Пријава за вклучување на училишта во проектот. Заедно со пополнетата пријава, потребно е да се приложи Писмо за Потврда за пријава на училиштето и Писмо за поддршка од Општината.
- Пријава за основни училишта
- Пријава за средни училишта
- Образец - Писмо за Потврда за пријава на училиштето
- Образец - Писмо за поддршка од Општината
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Крајниот рок за пријавување за вклучување во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е:
10 октомври 2024 година, до 23:59 часот
Заинтересираните училишта може да испратат прашања поврзани со повикот најдоцна до 08 октомври 2024 година на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..