Вредности и принципи на работење на Коалиција СЕГА

Вредности и принципи на работење на Коалиција СЕГА

СЕГА е национална платформа на младински организации посветена на лобирање за потребни законски измени, како и посветеност на поддршката на младинскиот активизам, пристап до информации и учество на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми.

Главни вредности и принципи на работење во Коалиција СЕГА се:

  • Напорно работење на активно застапување за интересите и потребите на младите и младинските организации во Македонија. Во својата работа го поттикнува пристапот во нагорна линија.
  • Отвореност за соработка со слични организации од Македонија и од странство.
  • Има активна соработка со сите институции на национално и локално ниво кои се поврзани со потребите на младите.
  • Проактивност во информирањето и решавањето на младинските прашања.
  • Застапување за зголемување на охрабрувањето на младите луѓе во формалните младински организации во Македонија.
  • Застапување за зголемување на обемот на работните области на младинските организации во Македонија.

Print   Email