Во Штип одржана четвртата локална дискусија во рамките на кампањата ВОЛОНТИРАЈ ИНСПИРИРАЈ на тема: „Предизвици на практикување на волонтерството во заедницата“
Како дел од кампањата „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ на ден 13ти јуни во Штип се одржа четвртата по ред панел дискусија од предвидените пет дискусии на тема „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“.
Кампањата има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање во нашата земја. Преку кампањата и предвидените активности ќе се влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.
Настанот беше организиран по повод 15 годишнината на Колицијата на младински организации „СЕГА“ од Прилеп, а спроведен од страна на Младински Клуб Штип. На дискусијата учествуваа претставници на Општина Штип, претставници од ГО, професор од СОУ „Коле Нехетнин“ , млади и локални волонтери. Законот за волонтерство, а спомнат беше и Законот за младинско учество и младински политики. Се зборуваше за тоа колку луѓето сакаат да волонтираат, какви можности има за волонтирање, како до поголемо учество во волонтерски акции.
На оваа локална дискусија младите од Штип истакнаа дека економската немоќ придонесува младите да бараат финансиска егзистенција, а не да волонтираат. Исто така дека има потреба вредностите за волонтирање во нашето општество треба да се менуваат, бидејќи се искривени.