Конкурс за идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект за Младински Културен Центар Охрид
Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026 (финансирана од Општина Охрид), распишува анонимен, национален, едностепен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект во Младински културен центар во Охрид.
Цел на конкурсот
Избор на најквалитетно современо архитектонско решение за адаптација на постоечкиот објект – поранешната менза во рамки на касарната Касарна „Михајло Апостолски“ – во функционален и репрезентативен младински културен центар.
Решението треба да:
- обезбеди висока функционалност и рационално користење на просторот;
- понуди современ архитектонски израз со почитување на историскиот контекст;
- овозможи пристапност за лица со попреченост;
- интегрира одржливи и енергетски ефикасни решенија;
- воспостави силна врска со зеленилото и природното опкружување.
Локација
Објектот се наоѓа во рамки на поранешната касарна во Охрид, на КП 8515/1, КО Охрид 2.
- Нето површина (приземје): 1062 м²
- Подземен дел: 39 м²
Комплексот се карактеризира со низок степен на изграденост и изразено зеленило, што претставува значаен потенцијал за новата културна намена.
Право на учество
Право на учество имаат:
- овластени архитекти (физички и правни лица),
- студенти по архитектура,
со седиште во Република Северна Македонија.
Секој учесник може да достави само еден труд.
Награден фонд
Вкупен награден фонд: 400.000 денари (бруто)
- 🥇 Прва награда – 220.000 денари
- 🥈 Втора награда – 120.000 денари
- 🥉 Трета награда – 60.000 денари
Рокови
- Отворање на конкурс: 3 март 2026
- Рок за поставување прашања: до 13 март 2026
- Краен рок за поднесување трудови: 15 мај 2026
- Објава на резултати: август/септември 2026
Начин на поднесување
Трудовите се поднесуваат анонимно, во печатена и дигитална форма, согласно пропишаните технички услови.
Адреса за доставување:
Младински Центар Охрид
ул. Кленоец бр. 1 (Касарна Охрид), Влез I, Кат I
6000 Охрид
Преземање на конкурсна документација:
|
Конкурс за идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект за Младински Културен Центар Охрид
|
|
|
| ПРИЛОГ 1: | Ситуација од постоечка состојба со пошироко опкружување | |
| ПРИЛОГ 2: | Основи на постоечки објект | |
| ПРИЛОГ 3: | Пресеци на постоечки објект | |
| ПРИЛОГ 4: | Изгледи на постоечки објект | |
| ПРИЛОГ 5: | Слики од постоечки објект | |
| ПРИЛОГ 6: | Основа, Пресеци, Изгледи и Ситуација – dwg формат | |
| ПРИЛОГ 7: | Правилник за стандарди и нормативи за проектирање | |
| ПРИЛОГ 8: | Правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи | |
|
|
||
|
ЦЕЛОСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА – ФОЛДЕР Конкурс за идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект за Младински Културен Центар Охрид |
||
За дополнителни информации:
📧 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
📞 +389 48 429 390
Овој конкурс претставува можност за создавање нов културен симбол на Охрид – простор кој ќе ги поврзува младите, уметноста и заедницата во динамичен и одржлив архитектонски израз.

