ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА, КОМУНИКАЦИСКИ ПЛАН И КРЕИРАЊЕ НА МЕДИУМСКИ ПРОДУКТИ
Коалиција на младински организации СЕГА за потребите од спроведување на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“, поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, објавува јавен повик за ангажирање на Маркетинг Агенција за развивање на комуникациска стратегија, комуникациски план и креирање на медиумски продукти.
- ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА
- Да е правно лице
- Најмалку 5 години искуство во креирање и спроведување на медиумски кампањи
- Докажано искуство во спроведување на најмалку 2 медиумски кампањи (вклучувајќи период, име на клиент и резиме на реализирани активности, примерок од медиумски продукти)
- Искуство во реализирање на слични проекти во соработка со граѓански сектор ќе се смета за предност
Заинтересираните правни субјекти може да се пријават на Јавниот повик на:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со доставување на следнава документација:
- Писмо за интерес
- Финансиска понуда
- Тековна состојба на правниот субјект (не постара од 6 месеци)
- Портфолио на претходно реализирани медиумски кампањи (вклучувајќи период, име на клиент и резиме на реализирани активности, примерок од медиумски продукти)
- Најмалку 3 референци од клиенти
со назнака: ,,Пријава на јавен повик за Маркетинг Агенција”
Краен рок за доставување на пријавите е 25 јануари 2024 година, најдоцна до 16:00 часот.
⇓ ⇓ ⇓ ⇓ ⇓
Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.