Jавен повик за млади лица
Коалиција СЕГА објавува јавен повик за млади лица кои сакаат да се стекнат со интеркултурно искуство и да ги зајакнат своите дигитални вештини!
Интеркултурната младинска размена е во рамките на проектот Connextion's и планирани се следните активности со млади:
- Јануари 2024 - Дигитална (online) интерктурна размена со млади од Македонија, Франција, Белгија и Тунис
- Февруари (24 и 25) 2024 - Хибридна младинска размена во Охрид
- Март и април 2024 - последователни онлајн активности од размените
Заинтересираните лица кои сакаат да земат учество треба да ја пополнат пријавата на следниов ЛИНК.
Краен рок за пријавување е 01.12.2023 година.
*Во пријавата имате можност да се пријавите како:
- соработник (co-builder) каде што ќе бидете вклучени во помали тимови за креирање на публикации и онлајн кампања заедно со проектниот тим
- учесник каде што би учествувале само на погоре наведените активности.
Трошоците за пат, сместување и храна за хибридната интеркултурна размена во Охрид ќе бидат целосно покриени од организаторот.
Проектот Connections го спроведува E&D како водечка организација од Франција во партнерство со Eclosio од Белгија, Тунискиот младински форум од Тунис и Коалиција на младински организации СЕГА од Македонија. Проектот е поддржан од Европската Комисија во рамките на програмата Еразмус+, Клучна акција 2.
Ги очекуваме Вашите пријави!
Тимот на Connexion-s