ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ во Троген, Швајцарија

Коалиција на младински организации СЕГА објавува

 ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

 на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ

Троген, Швајцарија

 

Период на размена:13/10/2022 – 27/10/2022

Датум на поаѓање: 12/10/2022

Датум на враќање: 28/10/2022

 Цел на размената: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на работилници за детски права наменети за децата од различните генерации од училиштето и активности од акционите планови креирани за време на размената.

Вкупното финансиско учество на учесниците за размената: 13.350,00 МКД.

*Екскурзиите за време на размената се вклучени во сумата за финансиско учество.

Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2008/2009
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 28.04.2023 година
  • Ученици кои посетуваат редовна настава во:
    • ОУ “Кочо Рацин” – Прилеп,
    • ОУ “Климент Охридски”- Прилеп и
    • ОУ “Блаже Конески” - Прилеп.
  • Предност ќе имаат учениците кои се активни и имаат интерес и мотивација во вклучување во активности на врсничка едукација (спроведување на работилници за детски права и антидискриминација кај соучениците)
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци

Сите заинтересирани кандидати потребно е да пополнат пријава на линкот  https://bit.ly/razmena_sega најдоцна до четврток, 22 септември 2022 година.

Селекцијата на учесници ќе се врши по пат на интервју со пријавените кандидати. 

Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте со назначените супервизори од Вашето училиште или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Печати   Е-пошта