Преку програмата АКСЕДЕР зајакнати капацитети и нови вработени млади
Од почетокот на спроведувањето, до денес Коалиција СЕГА преку проектот „Зголемување на вештините за вработување на ранливите групи во Прилеп“,
спроведувајќи ја програмата АКСЕДЕР, поддржа 17 нови вработувања на млади роми.
Проектот е составен од збир на активности кои силно корелираат со предложените чекори во прирачникот за работа АКСЕДЕР:
Фаза 1: Дисеминација и контакт со учесниците
Фаза 2: Информации и прием / добредојде
Фаза 3: Проценка на вработливоста (и нацрт на индивидуалниот пат до вработување)
Фаза 4: Советување за пазарот на труд
Фаза 5: Обука
Фаза 6: Вработување и следење
Проектот е поддржан од УНДП.