Иницијатива – Концепт за законско уредување на ученичкото учество во Законот за средно образование
Здруженијата Коалиција на младински организации СЕГА, Младински образовен форум и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, доставуваат иницијатива за измени и дополнување на Закон за средно образование до Министерството за образование и наука, со цел вметнување на нови одредби кои ќе обезбедат законско регулирање на учеството и организирањето на учениците во средните училишта во Република Македонија.