Алтернативен извештај за спроведување на Конвенцијата за правата на детето во Република Северна Македонија

Алтернативен извештај за спроведување на Конвенцијата за правата на детето во Република Северна Македонија

Коалиција на младински организации СЕГА објавува Алтернативен Извештај за примена на Конвенцијата за правата на детето во Македонија. Извештајот ја прикажува состојбата со напредокот на имплементација на детските права на сите нивоа во периодот 2010 – 2020 година. Овој извештај беше подготвен во рамките на проектот „Алтернативен извештај за Конвенцијата за правата на детето во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци, спроведен во периодот декември 2019 – август 2020 година.

Процесот на истражувањето се спроведе во 25 општини во сите 8 региони, вклучувајќи 110 училишта, 48 граѓански организации и 21 центар за социјална работа. Истражувањето вклучи 1 606 деца и 350 наставници од основното и средното образование преку онлајн анкета. Исто така, истражувањето вклучи и анализа на документација. Процесот на прибирање податоци беше спроведен во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование и здружението Отворете ги прозорците.

Документот ги анализираше правната и институционалната рамка во однос на детските права, капацитетите на институциите, примената на принципот на недискриминација, детското учество, правото на здружување, насилството кон децата, пристапот до образование и квалитетот на образованието. Исто така, извештајот вклучува конкретни препораки за подобрување на состојбата на сите нивоа.

Алтернативниот извештај е доставен до Комитетот за правата на детето при Организацијата на Обединетите Нации и ќе се разгледува на наредниот состанок во февруари 2021 година.

АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ МК ВЕРЗИЈА

 

ALTERNATIVE REPORT EN VERSION

Date

15 Септември 2020

Tags

Research Reports