Одржлива средина и ефективен развој за младите
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Наслов: “Sustainable Environment and Efficient Development for youth - SEED4Youth” (Одржлива средина и ефективен развој за младите)
Финансиска поддршка: Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност преку Европски Солидарен Корпус, солидарен проект со регистарски број 2021-2-MK01-ESC30-SOL-000039077
Времетраење: 01 април 2022 – 31 октомври 2022
Цели:
Општа цел:
Зголемена свест и граѓанско учество на младите во демократскиот живот во општина Прилеп.
Специфични цели на проектот поврзани со програмата:
- обезбедување на можности на младите да се вклучат во активности на пет различни теми, преку кои волонтерите на СЕГА и локалните млади би биле мост помеѓу предизвиците и развојот на заедницата;
- подигање на свеста кај локалното население за важноста на учеството на младите во демократскиот живот и процеси, промоција на Европските вредности, мотивирање на локалната заедница да стане подобро информирана и дигитално подготвена со што би придонело за превенција од пандемијата;
- адресирање на потребите и клучните предизвици во нашата заедница преку спроведените активности со младите, како и промовирање на истите преку Позициски документ на завршниот настан со млади и локални донесувачи на одлуки во заедницата.
Целни групи:
- млади од општина Прилеп на возраст од 13 до 30 години;
- претставници на локални носители на одлуки (Општина Прилеп).
Крајни корисници:
- најмалку 140 млади од Прилеп директно вклучени во активностите;
- повеќе од 2000 локални млади и граѓани опфатени преку онлајн активностите;
- најмалку 40 учесници опфатени со завршен настан;
- поширока јавност на ниво на Општина Прилеп;
Активности:
- вклучување на локалните млади во 5 различни теми, преку 4 едукативни работилници и 1 еколошка акција;
- подигнување на свеста на локалната заедница преку онлајн активности од младите;
- креирање на Позициски документ;
- завршен настан за промовирање на Позицискиот документ.
Очекувани резултати:
- Позициски документ креиран од локалните млади со јасно дефинирани препораки, произлезени од адресираните потреби од спроведените активности со младите, кој ќе биде презентиран на завршен настан;
- Прирачник со најдобри практики.