ДОКУМЕНТ СО ПРЕПОРАКИ „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“
Документот со препораки е креиран како резултат на националната кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ која се спроведува во периодот август – декември 2021 година од страна на Коалиција на младински организации СЕГА. Целта на кампањата е да се потенцира важноста на Законот за младински додаток преку информирање на младите и работодавачите за придобивките, како и да придонесе кон негова подобра примена. Во спроведувањето на кампањата, како партнери и поддржувачи се вклучија:
- Бинтерн,
- НЕЦИ - НМК,
- Младински Совет Прилеп,
- Организација на жените ОЖО - Свети Николе,
- ЛАГ Агро Лидер,
- Волонтерски Центар Скопје,
- Конфедерација на Слободни Синдикати (КСС),
- Бизнис Конфедерација (БКМ),
- Инфо Компас Прилеп.