Електронското учество води кон еко-акција
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Наслов: “An e-participation leads to eco-action implementation” („Електронското учество води кон еко-акција”)
Финансиска поддршка: Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност преку Европски солидарен корпус проект со регистарски број 2021-1-MK01-ESC30-SOL-000036672
Времетраење: 30 декември 2021 година – 29 декември 2022 година
Цели:
Општа цел:
Да се подобрат дигиталните вештини на младите луѓе, да се подобри нивното искуство и да се вгради чувство на одговорност и посветеност во однос на еколошкото подобрување.
Специфични цели на проектот поврзани со програмата на Европски солидарен корпус:
- Промоција на еколошки одржливо и одговорно однесување, подигајќи ја свеста за важноста на дејствување за намалување или компензирање на еколошкиот лош отпечаток во општеството,
- Промоција на волонтерството преку многу еколошки акции со грижа за животната средина,
- Поттикнување на активно учество на младите луѓе, да размислуваат за вредностите на зголемено учество како и за солидарноста, различноста, вниманието, толеранцијата и почитувањето на средината во која живеат.
Целни групи:
- локални волонтери на СЕГА
- млади на возраст од 15 до 30 години на локално ниво
- локални граѓани
Крајни корисници:
- млади на локално ниво директно вклучени во активностите
- поширока јавност на локално ниво
Активности:
- Фокус групи со млади
- Промоција на потребите на младите на електронска платформа (opin.me)
- Кампања за подигнување на свест за заштита на животната средина и електронското учество
- Едукативни и креативни работилници со млади
- Еколошки акции
Очекувани резултати:
- Документ со младински иницијативи со цел подобрување на животната средина на заедницата
- Еколошки подобрена животна средина на локално ниво