Зајакнување на капацитетите на младинските организации „во и „после“ услови на КОВИД-19
Финансиска поддршка: Општина Гази Баба
Времетраење: јануари 2021 година – декември 2021 година
Цел: Зајакнати капацитети на граѓанските организации и младинските работници кои делуваат на територијата на општина Гази Баба, за справување со предизвиците во спроведување на активности наменети за младите “во” и “после” услови на КОВИД19 кои водат кон подобрување на нивната благосостојба.
Целни групи:
Примарната целна група на проектот се граѓанските организации и младински организации кои делуваат на територија на Општина Гази Баба. Крајни корисници на проектот се младите на возраст од 15 – 30 години кои живеат во Општина Гази Баба.
Активности:
- Развивање на методологија за спроведување на обука согласно потребите на граѓанските и младинските организации;
- „Обука за користење на дигитални алатки и методи за работа со млади во и после пандемиски услови”;
- Менторска поддршка за развивање на Акционен план на последователни активности за примена и дисеминација на стекнатите знаења и вештини;
- Спроведување на Акционите планови на последователни активности за примена и дисеминација на стекнатите знаења и вештини;
Очекувани резултати:
- Зајакнати капацитети на младинските и граѓанските организации за спроведување на активности со млади “во” и “после” услови на Kовид19.
- Дигиталните вештини и знаења кај младинските работници и младите во општина Гази Баба се зајакнати и применливи.
- Развиена и применета програма за младински работници применлива во услови на социјално дистанцирање.