Коалиција на младински организации СЕГА, за потребите од спроведување на проектот „Врсничка едукација за информиран избор за средно училиште – Патеки кон стручно и дуално обраозование “, поддржан од ХЕЛВЕТАС Северна Македонија, објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОДУКЦИЈА НА СЕРИЈА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ И БРЕНДИНГ ЗА КАМПАЊА.
Овој повик има за цел да ангажира професионална агенција за видео продукција која ќе изработи 5 видео приказни (storytelling videos). Овие видеа ќе имаат клучна улога во разбивањето на стереотипите за стручното образование, претставувајќи го „триаголникот на успех“ составен од ученик, вработен и работодавач. Материјалите ќе бидат наменети за врсничките едукатори и за промоција на социјалните мрежи (TikTok, Instagram, Facebook).
Дополнително, избраната агенција потребно е да креира и целосен визуелен идентитет за кампањата, вклучувајќи впечатливо мото и пакет дизајн-темплејти за веб, социјални и традиционални медиуми.
Ангажираната агенција за видео продукција ќе биде одговорна за целокупниот процес (претпродукција, снимање на терен, монтажа и постпродукција) на вкупно 5 видеа (по 1 видео во секоја од 5-те целни општини).
Специфични задачи и обем на работа:
- Локациско снимање: Реализација на снимање во 5 општини (Охрид, Прилеп, Гостивар, Велес, Штип). Во секоја општина се снимаат по 1 различна успешна приказна (вкупно 5). Патните трошоци се обврска на агенцијата за видео продукција и се вклучени во цената
- Содржина на видеата: Секое видео треба да содржи 5-7 минути „Day-in-role“ приказна со Q&A сегмент (прашања и одговори), вклучуваќи:
- Приказна на вработен поранешен ученик од дуално образование
- Интервју со ментор/работодавач кој ги поврзува вештините со реалните задачи на работното место
- Изјави на врснички едукатори од избраните училишта
- Испорака на формати (Deliverables): За секоја од 5-те приказни, агенцијата треба да испорача:
- Long-form видео (16:9): 5-7 минути (за YouTube/Facebook)
- Short-form видео / Teaser (9:16): до 30-60 секунди (за TikTok/Reels/ Facebook)
- Техничка обработка: Монтажа, колор корекција, обработка на звук, вметнување на наслови и задолжителна видливост (дисклејмеер и логоа) на донаторот и проектот
- Брендинг за кампања: креира „брендинг“ за кампањата кој ќе содржи: мото, пакет дизајн темплејти за објави на веб, социјални и традиционални медиуми
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
- Да е регистриран правен субјект во Р.С. Македонија
- Искуство во видео продукција, снимање и монтажа (пожелно искуство со storytelling формат)
- Портфолио на претходно реализирани брендинг кампањи (вклучувајќи период, име на клиент и резиме на реализирани активности, примерок од медиумски продукти)
- Технички капацитет (опрема за снимање во висока резолуција, аудио опрема и пожелно дрон)
- Капацитет за теренска работа во наведените 5 општини
ПОСТАПКА И ПРАВИЛА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, РОК И ИЗБОР
Секој заинтересиран правен субјект што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со доставување на:
- Писмо за интерес (со краток опис на искуството)
- Финансиска понуда (во рамки на предвидениот буџет)
- Портфолио со претходно изработени слични видео материјали (линкови до видео изработки и кампањи)
- Тековна состојба (не постара од 6 месеци).
на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака: Пријава на јавен повик за видео продукција – [Име на Апликантот]
Краен рок за доставување на апликациите е 23 јануари 2026 година, до 00:00 часот.
Пристигнатите апликации ќе бидат евалуирани од страна на комисија формирана од Коалиција СЕГА. Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.
За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., но не подоцна од 22 јануари 2026 година.
Сите потребни информации поврзани со повикот може да ги најдете на следниот линк:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА И БРЕНДИНГ ЗА КАМПАЊА