ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД (2)

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД (2)

Public Calls Посети: 568

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за вработување на 2 младински работници во Младински Центар Охрид.

Наскоро во Охрид се отвора првиот Младински Центар, кој ќе функционира согласно Законот за младинско учество и младински политики и Правилникот за стандардите за квалитет на младинските центри (донесен од Агенцијата за млади и спорт).

Коалиција на младински организации СЕГА ќе раководи со Младинскиот Центар – Охрид во период од 3 години, согласно Одлуката на Советот на Општина Охрид.

Младинскиот Центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес на младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.

За потребите на Младинскиот Центар – Охрид, СЕГА има

За да станете дел од тимот на Младинскиот Центар - Охрид кликнете на овој ЛИНК и пополнете ја пријавата и прикачете ја вашата професионална биографија CV!

Доколку имате технички проблеми при пополнување на пријавата контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Ви благодариме на интересот!

Апликација за персонал во Младински Центар Охрид 

Печати