Повик за учество на претставници на граѓански организации и професори од средни училишта на обука за „Дигитално младинско учество и активно граѓанство“

Повик за учество на претставници на граѓански организации и професори од средни училишта на обука за „Дигитално младинско учество и активно граѓанство“

Public Calls Посети: 2174

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на 12 претставници од граѓански и младински организации и професори од средните училишта од Скопски регион на обука на тема Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“.

Обуката има за цел да ги зајакне капaцитетите на граѓански и младински организации и средните училишта за примена на методологија која се користи во европските земји за поттикнување на дигиталното учество и активно граѓанство кај младите. Истата ќе се реализира во периодот од 07-09 октомври во хотел Амбасадор во Скопје.  

Заинтересираните учесници може да се пријават со пополнување на пријавата на следниот линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/povik_za_ucesnici_digypack најдоцна до (понеделник) 3 октомври, 2022 година до 16.00 часот.

Напомена: Од учесниците на обуката се очекува спроведување на последователни локални активности со млади во насока на поттикнување на дигитално учество и активно граѓанство на младите, односно организирање работилници за Е-учество со млади и користење на алатката OPIN www.opin.me. Коалиција СЕГА ќе обезбеди менторска поддршка при спроведувањето на  последователните активности на локално ниво.

*Проектот предвидува одреден паричен надоместок за спроведување на локалните активности со млади.

*Предност во процесот на селекција за учество на обуката ќе имаат претставници на:

- организации членки на Коалиција СЕГА од Скопски регион

Со учесниците на обуката ќе биде споделен прирачник за обука DigiPAC и дополнителни материјали кои се креирани во рамките на проектот Еразмус+ ACTIon финансиран од ЕУ за да помогне во промовирање на граѓанското образование, активно дигитално граѓанство и демократско учество на младите во формално и неформално образование.

 Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Печати