КАМПАЊА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА КАЈ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ПРОТИВ КИБЕРНАСИЛСТВО

КАМПАЊА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА КАЈ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ПРОТИВ КИБЕРНАСИЛСТВО

Посети: 4

Во време кога дигиталниот свет претставува предизвик за безбедноста на децата и младите како најприсутни, но и најранливи во дигиталниот простор, исклучителна е потребата за подигнување на свеста за кибернасилството.

Според тоа, СОС Детското Село како организација која се залага за заштита на децата и младите изработи видеа кои ќе ги посочат негативните ефекти од кибернасилството кај младите, но во исто време ќе претставуваат и порака и поддршка за превенција, справување и постапување во случај на насилство врз младите луѓе во дигиталниот простор.

Видеата за подигнување на свеста за кибернасилство се изработени во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Македонија, Волонтерскиот Центар Скопје и Здружението „Женски форум“ – Тетово.

https://youtu.be/j0QuCUSD0N0

https://youtu.be/Vx5OuSZqA4Q

https://youtu.be/4XkAmvr2p08

 

Печати