Запознајте се со Локална Агенција за Развој

Запознајте се со Локална Агенција за Развој

Волонтирај! Инспирирај! Посети: 8389

Локалната Агенција за Развој (ЛАР) од 2012 година е членка на Коалиција на младински организации СЕГА.

ЛАР Струга е основана во Јануари 2004 година како дел од проектот „Локално Управување за Одржлив Економски и Човечки Развој“.

За време на овој проект, главниот мандат на ЛАР беше да го поддржи долгорочниот развој на Општина Струга преку идентификување на приоритетни области, воспоставување партнерства и мобилизирање на претставници од приватниот сектор, граѓанските организации и локалната самоуправа.

Денеска, ЛАР е самоодржлива организација со доволно знаење и капацитет да ја опслужува општината, регионот и граѓаните.

ЛАР е препознаена како независен, непартиски и професионален актер во локалната заедница. Уште од самиот почеток, ЛАР го применува пристапот кој подразбира проактивност и партиципативност во соработката со претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор при имплементирање на проектните активности.

ЛАР е граѓанска организација која се стреми да го подобри квалитетот на живот на граѓаните во регионот од југозападна Македонија, преку поддршка на локални акции, зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка, формирање на одржливи форми на туризам и промоција на волонтеризмот.

ЛАР Струга работи на остварување на милениумските развојни цели и ги застапува универзалните принципи за одржлив социо-економски развој, социјално вклучување на ранливите групи, родова рамноправност, меѓуетнички дијалог и соработка и заштита на животната средина.

Долгорочни цели

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.

Печати