Реализирана обука со млади за електронско младинско учество во рамки на проектот “E-PARTICIPATION - E(mpowered) YOUTH”

Реализирана обука со млади за електронско младинско учество во рамки на проектот “E-PARTICIPATION - E(mpowered) YOUTH”

Youth Participation Посети: 1385

Во текот на месец Април 2022 година, беше реализирана Обука за електронско младинско учество „Младинско учество и Е-учество.

За време на обуката 15 млади од Прилеп зедоа активно учество во обуката и се стекнаа со знаења за младинско учество, начини за младинско учество и како да бидат активни и да предлагаат иницијативи користејќи дигитални алатки.  За време на обуката младите изготвија акциски планови за последователни активности за врсничка едукација на кои ќе имаат можност да го споделуваат стекнатото знаење за младинско учество како и да бидат лидери во поттикнување на учество кај останатите млади во нивната околина. Целта на овие активности за врсничка едукација е што поголем број на млади да се запознаат со можноста за е-учество (дигитално младинско учество) користејќи ја иновативната алатка OPIN.

Обуката „Младинско учество и Е-учество” е дел од проектот “E-PARTICIPATION - E(mpowered) YOUTH” [EPEY] - “Е-учество-Силни млади”, кој се спроведува во периодот 31 декември 2021 – 30 декември 2022 година. Проектот „Е-учество – Силни млади” (реф.бр. 2021-1-MK01-KA154-YOU-000008073) е поддржан од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија преку програмата Еразмус+.

Печати