Коалицијата на младински организации СЕГА објавува повик за ангажирање на двајца практиканти кои ќе имаат можност да стекнат практично работно искуство, да ги развијат своите професионални вештини и да се вклучат во активности поврзани со работа со млади и соработка со организации и институции.
Кој може да аплицира?
Повикот е наменет за млади лица до 29 години кои ги исполнуваат следните услови:
-
завршено средно образование во траење од 4 години, со која било општа или средна стручна подготовка;
-
познавање на англиски јазик;
-
основно познавање на работа со компјутер и Microsoft Office;
-
мотивираност за стекнување нови знаења и практични вештини.
Основни информации
-
Локација: Канцеларија на СЕГА во Прилеп
-
Времетраење: 3 месеци
-
Број на практиканти: 2
Што ќе добијат практикантите?
Во текот на практикантството, избраните кандидати ќе имаат можност да стекнат практично искуство и да ги развијат своите вештини преку вклучување во различни активности, особено во:
-
комуникација и соработка со организации и институции;
-
работа со млади;
-
развивање на аналитички способности;
подготовка на службени писма, документи и планови за работа;
-
организирање и евалуација на едукативни активности;
-
собирање, обработка и анализа на податоци;
-
секојдневна работа во младинска организација и запознавање со нејзиното функционирање.
Практикантството претставува можност младите да стекнат реално работно искуство, да развијат професионални компетенции и да се запознаат со работата во младинскиот сектор.
Како да аплицирате?
Заинтересираните кандидати можат да се информираат за условите и потребната документација и да ја достават својата апликација на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Краен рок за аплицирање: 4 септември 2026 година.
Ги охрабруваме сите заинтересирани млади кои сакаат да стекнат нови искуства и знаења да ја искористат оваа можност и да аплицираат.