Коалицијата на младински организации СЕГА, за потребите од спроведување на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Детската фондација Песталоци, објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ВОДИЧ ЗА УЧЕНИЧКО УЧЕСТВО И ЗАШТИТА НА ДЕЦА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
За остварување на поставените цели, проектот преку ангажирање на експерти / консултантска компанија ќе спроведе процес на подготовка на Водич за ученичко учество и заштита на децата во средните училишта. Водичoт ќе биде наменет за сите чинители во средните училишта, во насока на практична поддршка на ученичко учество во процесите на донесување одлуки во училишниот живот. Овој повик за услуги ги вклучува следните задачи:
- Задача 1: Подготовка на Водич за ученичко учество и заштита на децата во средните училишта (2 експерти)
- Задача 2: Родова сензитизација на Водич за ученичко учество и заштита на децата во средните училишта (1 експерт)
Овој повик е јавен. Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:
Физичко лице:
- Професионална биографија (CV)
- Мотивациско писмо
- Најмалку 2 референци од подготвени публикации (со публикации како прилози или линкови до публикациите)
Напомена: Може да аплицираат и тимови, при што ќе се оценува целокупната апликација
Правно лице:
- Портфолио на компанијата / организацијата
- Професионална биографија (CV) на предложениот кандидат / кандидати
- Мотивациско писмо
- Најмалку 2 референци од подготвени публикации (со публикации како прилози или линкови до публикациите
Документацијата треба да се достави на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака: Пријава на јавен повик за експертски услуги за Водич за ученичко учество и заштита на децата во средните училишта, со назнака за која задача се однесува апликацијата.
Краен рок за доставување на апликациите е 13 март 2025 година.
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката на евалуација на апликациите.
За подетални информации поврзани со повикот може да не контактирате на е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до 10.03.2026 година.
Целиот повик може да го видите тука