„MatchHub“ - Нови партнерства според целите на Европската агенда за младинска работа

„MatchHub“ - Нови партнерства според целите на Европската агенда за младинска работа

Hits: 78

Коалиција СЕГА учествуваше на европскиот „MatchHub“ - Нови партнерства според целите на Европската агенда за младинска работа

На 19.01.2026 г. се одржа онлајн настанот „European MatchHub“, на кој Коалиција СЕГА зеде активно учество како национална контакт точка за Македонија. Настанот беше во организација на NaturKultur од Германија, а целосно поврзан со унапредување на стратешките цели на Европската агенда за младинска работа (European Youth Work Agenda - EYWA).

Основната цел на денешната средба беше да се воспостават одржливи и долгорочни партнерства помеѓу организации од цела Европа, кои ќе работат заеднички на развојот на младинскиот сектор. Како главен резултат од настанот се издвојува вмрежувањето за идна соработка во две клучни области дефинирани од агендата:

- Понуда за млади: Креирање на квалитетни Еразмус+ младински размени и ЕСК волонтерски проекти, со фокус на инклузија на млади со помалку можности

- Развој на младински работници: Јакнење на компетенциите преку обуки и студиски посети

Преку ова учество, Коалиција СЕГА во соработка со NaturKultur и останатите европски партнери, отвора нови врати за македонските младински организации, овозможувајќи им директен пристап до меѓународни мрежи и поддршка во процесот на имплементација на проекти од висок квалитет.

Print