ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА “FURTHER STEP TO YOUTH WORK”

Blog Hits: 1490

Коалиција СЕГА објавува повик за учество на преставници на граѓански организации во Обука „Further step to youth work”.

Целта на обуката е запознавање со работата и методите на младинските работници. Обуката ќе придонесе кон зајакнување на знаењата и вештините за младинска работа кај учесниците за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа. Обуката ќе ја спроведат сертифицирани обучувачи од Нормандија, Франција, кои ќе ги пренесат искуствата и знаењата за работа со млади кои се применуваат во Франција. 

 Oбуката ќе се одржи во периодот од 21 – 24 март, 2023 година во Струга.

Заинтересираните организации може да ги пријават своите претставници со пополнување на он-лајн пријава која ќе ја најдете на следниов ЛИНК

КРАЕН РОК за пријавување е 05 март 2023 година до 16.00 часот.

Само селектираните учесници на обуката ќе бидат бидат контактирани најдоцна до 10 март 2023 година. Трошоците поврзани со учеството во обуката (сместување, храна, пат и материјали) се на товар на организаторот. Технички детали и информации околу сместувањето и патните трошоци, ќе бидат споделени дополнително со селектирани учесници.

Доколку имате потреба од дополнителни информации слободно контактирајте не на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Обуката Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведува во рамки на соработката  Македонија - Нормандија, Франција, со поддршка на градот Ифс.

Print