Повик за учество на Обука за младински работници

Повик за учество на Обука за младински работници

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на Обука за младински работници. Обуката се организира по стандардите на САЛТО (активност, креативност, активно учество и анализа), а ќе ја испорачува тим од 2 обучувачи од Франција и Македонија.

Целта на оваа обука е да се обучат младински работници да испорачуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации и институции кои работат со млади.

Учество на обуката може да земат младински работници кои работат во полето на млади и младинско информирање.

Клучни компетенции со кои ќе се стекнат учесниците по завршувањето на обуката:

  • Разбирање на улогата на Младинскиот Работник
  • Разбирање на Проектен Циклус
  • Искуство и практична примена на методи на неформално образование.

Обуката ќе се реализира во периодот од 06 - 09 февруари 2019 година во Струга. Техничките детали за обуката околу сместувањето и патните трошоци ќе бидат споделени дополнително со селектирани учесници.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука треба да достават он-лајн апликација на следниот ЛИНК.

Краен рок за испраќање на апликации е 31 јануари 2019 година. Ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат. 

Селектираните учесници на обуката ќе бидат известени најдоцна до 31 јануари 2018 година.

* Предност при селекцијата на учесници ќе имаат кандидатите од организациите членки на Коалиција СЕГА.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте со:

Моника Илиоска Кантарџиоска
Раководител на програми
Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Тел: +389 77 762 767; +389 48 429 390

Оваа обука се реализира како дел од програмата за децентрализирана соработка со регионот Нормандија – Франција и Република Македонија која Коалиција СЕГА ја спроведува во партнерство со организацијата Maison Pour Tous Leo Lagrange.


Print   Email