Коалиција на младински организации СЕГА објавува оглас за вработување на ентузијастичен и мотивиран Работник со млади. Ако сте подготвени да го поттикнувате активизмот на младите, ова е вашата шанса да се придружите на нашиот динамичен тим.
Одговорности:
- Организирање и водење на активности и проекти за млади
 - Поддршка во развојот и имплементацијата на програми за млади
 - Комуникација, соработка и вмрежување со младински организации
 - Промовирање на можностите за учество и ангажирање на младите во заедницата
 
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование
 - *Предност ќе имаат кандидати со завршено високо образование од областа на социјална работа и социјална политика, педагогија и психологија
 - Одлични познавање на македонски и англиски јазик
 - Одлични комуникациски способности
 
За предност ќе се смета и:
- Искуство во работа со млади
 - Искуство во младински сектор
 - Искуство во промоција преку социјални мрежи
 - Познавање во уредување на веб страни
 
Потребни лични карактеристики:
- Креативност
 - Одговорност
 - Способност за брзо учење
 - Одлични комуникациски вештини
 - Способност за работа во динамична средина
 - Самоиницијативност
 - Интеркултурни вештини
 - Почитување на рокови
 - Способност за работа во тим и индивидуална работа
 - Отвореност за нови предизвици и знаења
 
Што нудуме:
- Можност за континуиран развој
 - Работа со млади
 - Динамична и креативна средина
 - Континуирана поддршка при спроведување активности
 - Можности за интеркултурно искуство
 
Услови:
- Работно време во 40 часа неделно
 - Работа на определено време со можност за продолжување на договорот
 
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и да го поддржите активизмот и ангажманот на младите, испратете го вашето CV и мотивациско писмо на email: aplikacija@sega.org.mk најдоцна до 21 мај 2024 година.
**Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ви благодариме на интересот!