Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

 

 

Следете не:


Активности на СЕГА 2009

Промоција на Акциониот План за имплементација на Националната Стратегија за Млади

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во состав на активностите од проектот “Промоција на Акционен План за имплементација на Националната Стратегија за Млади“ предвидено е да се организираат 20 промоции на Акциониот План за имплементација на НСМ.

На 15ти Септември 2009 година со почеток од 11:00h ќе се организира промоција на АП во Локалната Самоуправа во општина Центар и во Локалната Самоуправа во општина Кисела Вода со почеток од 14:00h.

Целта на организирањето на овие настани е  да се промовира усвоениот Акционен план за имплементација на НСМ за 2009 година и да се запознаат локалните институции со предвидените активности од Акциониот План.

На промоциите поканети се да присуствуваат претставници од Локална Самоуправа, директори од основните и средните училишта, наставници и професори, средношколци и студенти.

Проектот е финансиран од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:07

 

Средба со Директорот на УСАИД мисијата во Македонија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

На 09 Септември 2009 година во централната канцеларија на Коалиција СЕГА персоналот имаше средба со директорот на USAID мисијата во Македонија, г-динот Мајкл Т. Фриц.

На состанокот се дискутираше за тековните проектни активности на Коалиција со посебен акцент за текот на проектот “Совети на млади во општините“ кој се имплементира во Штип, Радовиш и Ресен, финансиран од ИТЗ - USAID. Исто така на состанокот беа презентирани досега реализираните проекти на Коалиција СЕГА. Се дискутираше и за стратешките определби на СЕГА како и за можностите за продолжување на соработката со USAID.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:07

 

Известување од повик за фасилитатори

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во период од 25 Август – 02 Септември Коалиција СЕГА објави повик за фасилитатори. На 03 Септември 2009 година Комисијата за евалуација на апликациите донесе одлука за избор на фасилитатори. За фасилитатори се избрани:
-    Дарко Конески – Младински Совет - Прилеп
-    Димче Каневче – Младински Совет - Охрид
-    Љупчо Велковски – Интеркултура Скопје
-    Едлира Палоши – Центар за Балканска Соработка  Лоја - Тетово
-    Ерол Адемов – Здружение за мултиетничко општество за човекови права – Штип
Во период од 14 – 20 Септември 2009 година фасилитаторите ќе фасилитираат по две фокус групи (со родители и фокус група со деца).

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:07

 

Работилница за стратешко планирање

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во периодот од 17 – 20 Август 2009 година во хотел Славија во Охрид беше организирана работилница за Стратешко планирање на Коалиција СЕГА. Работилницата се реализираше во состав на Административниот грант за стратешко планирање поддржан од Институтот за Трајни Заедници. На работилницата учествуваа 14 претставници на управните и извршните структури на Коалицијата како и претставници од организациите членки на Коалицијата. Во текот на работилницата се дефинираа новите насоки и стратегии на Коалиција СЕГА во следните три години. Исто така беше изработен и Акционен План за активности за 2010 година.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:08

 

Извешај за тековната имплементација на проектот Совети на млади во општините

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Преку активностите од проектот Совети на млади во општините, кои се реализираа во изминатиот период, се воспостави институционална рамка за учество на младите во процесите на донесување на одлуки во општините Штип и Радовиш. Имено се извршија промени во Статутите на овие општини во делот на задолжително формирање на Совети на млади. Формирањето на Советите на млади во општините ќе отпочне од месец Септември.

Досега по две еднодневни работилници на теми: Фацилитација и Пишување на проекти се организираа за потребите на координативните тела на Младинските Парламенти во општините Ресен, Радовиш и Штип. Активности кои што ќе следат во наредниот период се однесуваат на организирање по една еднодневна работилница на тема Менаџирање со проекти за координативните тела од овие општини.

Последно освежено на Четврток, 03 Март 2011 18:08

 

Страница 4 од 10

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

Контактирајте не

Календар на активности на СЕГА

ноември 2014 декември 2014 јануари 2015
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Посетете го порталот на ИНФО СЕГА

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

Слушајте го Младинското радио ПУЛС

Слуштајте го новото Пулс Радио