Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Образованието треба целосно да го развие карактерот и талентите на детето. Тоа треба да ги поттикнува децата да ги почитуваат своите родители, својата култура како и другите култури."
Член 29, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ВО КОАЛИЦИЈА СЕГА

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА објавува

ЈАВЕН ПОВИК за практиканство

Согласно активните мерки на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, за мерката 3.5 Практикантство, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија,

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за две места за практиканство за времетраење од 3 месеци.

Работни позиции:

1.     Помошник на ЕВС координатор

2.     Комуникациски асистент во Младински Информативен центар ИНФО СЕГА

Придобивки од практиканството за кандидатите:

Месечен надомест за практиканство во износ од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и персонален данок на доход.

Практикантот ќе се стекне со следните знаења и вештини:

-       Подобрување на комуникациски вештини

-       Подобрување на англискиот јазик (говорни и пишани вештини)

-       Подобрување на компјутерски вештини

-       Раководење со техничка опрема

Потребни квалификации:

-       Млади евидентирани невработени лица до 29 години, активни баратели на работа, кои претходно немаат работно искуство односно претходно немаат засновано работен однос, и кои досега немаат учествувано во програмата за практиканство

-       Минимум средно образование

-       Познавање на англиски јазик (напредно ниво) и компјутери

-       Напредни компјутерски вештини (дизајн, веб, социјални мрежи) ќе се сметаат за предност

Задачи и одговорности на практикантот:

-       Координација на ЕВС волонтери:

-       Да ги запознае волонтерите со културата, традицијата, начините на живот во Македонија; 

-       Да организира дневни состаноци за планирање на работата на волонтерите;

-       Помош и поддршка во реализацијата на активностите на волонтерите;

-       Административна и техничка поддршка за време на престојот на волонтерите;

-       Да го следи личниот и професионален развој на волонтерите;

-       Редовно да контактира со ЕВС координаторот;

-       Подготовка на дневни извештаи и доставување до ЕВС координаторот;

-       Минимум еднаш неделно да остварува индивидуални неформални средби со волонтерот за негова поддршка 

Поддршка на работата на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА:

-       Поддршка во спроведување на активности на локално ниво

-       Прибирање на информации корисни за младите луѓе од општина Прилеп

-       Помош во пишување на месечни извештаи  

Опционално (во зависност од способностите):

-       Дизајн на публикации, флаери и брошури

-       Администрирање на веб страни

-       Унапредување на примената на социјалните мрежи во информирање на младите.

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати за практиканти може да аплицираат најдоцна до 10.07.2018 (вторник), до 12:00 часот преку испраќање на свое CV и мотивационо писмо на е-маилот:   This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  со назнака: APLIKACIJA ZA PRAKTIKANTSTVO.

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТЕН КАМП ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

June 2018 July 2018 August 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31