Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на образование. Дисциплината во училиштата треба да го почитува човечкото достоинство на децата. Основното образование треба да биде бесплатно."
Член 28, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Коалиција СЕГА одржа Панел дискусија на тема „Младите и медиумите“

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција СЕГА одржа Панел дискусија на тема „Младите и медиумите“

 

Младите не се доволно застапени во националните медиуми. Тие, главно, се информираат од социјалните мрежи, а помалку од телевизијата, радиото и печатените медиуми. Ова беше констатирано на Панел-дискусијата „Младите и медиумите“, која се одржа на 22.06.2018 година, во просториите на Европски универзитет РМ во организација на Kоалиција на младински организации СЕГА во рамки на Неделата на граѓански организации поддржана од УСАИД.

             

Еден од најпознатите македонски млади јутјубери, Марко Марковиќ, кој има 95.000 следбеници, вели дека недостатокот на содржини за млади е една од главните причини поради кои тие се почесто го користат интернетот и социјалните мрежи како извор на информации, а ги отфрлаат традиционалните медиуми како телевизијата, и особено радиото и весниците.
– Забележувам дека Јутјуб и за себе и за младите во моментов е главен извор на забава кај младите од 5 до 20 години. Најголемата причина што овие социјални мрежи доминираат и она отуѓување на младите од традиционалните медиуми сметам дека се должи на повеќе фактори, како што се брзината на информациите… Наутро некој ќе стане и во пижами ги има најновите информации на својот телефон што можеби се случиле во странство, кај нас, истакна Марковиќ на панел дискусија “Младите и медиумите„.
Ставањето видеа на Јутјуб од страна на младите во Македонија, како што кажа тој, се развило во последните две години, иако во светски рамки тоа било популарно десетина години.
Од страна на панелистите беше констатирано дека покрај тоа што младите не се доволно застапени во медиумите, загрижува и фактот што не постои речиси никаков интерес од нивна страна да се вклучат и да соработуваат со медиумите.
Весна Миќиќ-Божиновска, главен и одговорен уредник на дневниот весник “Вечер„, рече дека податоците кои се пласираат во весниците се проверени и сигурни за разлика од оние кои се пласираат на интернет.
– Состојбата со печатените медиуми е лоша, а наши најголеми непријатели се социјалните мрежи, Фејсбук, Твитер… Точно дека весниците повеќе ги читаат постарите, но се трудиме да понудиме и содржини кои ќе бидат интересни за младите. Најчесто младите повеќе ги интересираат текстовите кои се поврзани со скандали, отколку економски анализи или политички теми, истакна главниот уредник на дневниот весник “Вечер”, Весна Миќиќ-Божиновска.
Таа додава дека дневниот весник “Вечер„ секогаш се труди да понуди содржини кои ќе бидат интересни за читање и утредента во што и успева.
Според истражувањата кои ги спроведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дури 47 отсто од граѓаните сметаат дека во телевизиските програми многу ретко се зборува за проблемите на младите од 15 до 29 години или, пак, тие учествуваат во програмите, и многу ретко се претставуваат како активни или заинтересирани граѓани.
Сашо Богдановски на денешната панел-дискусија рече дека младите претставуваат единствена категорија според возраста за која интернетот е најзначаен извор за информирање. Сите други возрасни групи најчесто се информираат од телевизијата. Младите, посочи тој, речиси никогаш не се информираат од печатот или од радиото.

Според професорката од Факултетот за правни науки на ЕУРМ, Викторија Кафенџиска, медиумите во голема мера влијаат врз младите, особено врз формирањето на јавното мислење. Оттука е неопходно да се слушне што младите сакаат да видат, да прочитаат и да слушнат.
– Митот околу старите и новите медиуми треба да биде разбиен. Секој медиум е порака и секој медиум влијае врз нивното и врз општото јавно мислење, истакна професорката Кафенџиска и додаде дека младите треба да бидат посебно внимателни кога постираат на интернет бидејќи тоа нивно мислење може да биде злоупотребено.
На панел-дискусијата се дискутираше за застапеноста на содржини наменети за млади на националните телевизии и радиостаници, вестите и забавните содржини за млади, јазикот на кој тие содржини се споделуваат во јавност. Посебен дел од дискусијата беше посветен на предизвиците со кои се соочуваат младите на интернет, вклучувајќи закани по безбедноста, недостаток на приватност и изложеност на насилни содржини на интернет.

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

August 2018 September 2018 October 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30