Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право на квалитетна здравствена заштита, здрава храна и чиста животна средина."
Член 24, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ, СТРУКТУРЕН ДИЈАЛОГ И ПОДГОТОВКА НА ПОЗИЦИСКИ ДОКУМЕНТ

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 Во рамки на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“ Коалиција на младински организации СЕГА во период од 31.05.2018 година до 03.06.2018 година ја реализира обуката на тема „Застапување и лобирање и Обука за Структурен Дијалог и подготовка на позициски документи“ во хотел Амбиент во Струга. 
На обуката присуствуваа 12 учесници, преставници на партнер организациите на проектот МИРР и ЛАГ АГРО Лидер од Кривогаштани,  двајца преставници на општина Кривогаштани и преставници на Коалиција СЕГА. Учесниците се стекнаа со основно знаење за темите и ќе дејствуваат за зајакнување на дијалогот помеѓу ГО, младите и донесувачите на одлуки на локално ниво.

На обуката се користеа интерактивни методи, игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците се стекнаа со вештини и различни техники за практикување на стекнатото знаење за лобирање и застапување и Структурен дијалог.
Земајќи ги во предвид постојните капацитети на младите и важноста на улогата на ГО, неопходно е да се обезбеди дополнителна поддршка тие да се запознаат со методот на Структурен Дијалог и неговата практична примена но воедно и да се развијат нивните капацитети за подготовка на позициски документи. 

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот "Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот е финансиран од Европска Унија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK.

 

Last Updated on Wednesday, 06 June 2018 11:59

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

August 2018 September 2018 October 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30