Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да се среќаваат и пристапуваат кон групи и организации доколку ова не спречува други луѓе да ги уживаат своите права."
Член 16, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Национална работилница за креирање на Документ со препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Во периодот од 06-09 декември 2017, во хотел Бисер, Струга во организација на Коалиција СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт се реализира „Национална работилница за креирање на документ со препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво“.

На оваа работилница учество зедоа вкупно 45 учесници (млади на возраст од 18 – 29 години и донесувачи на одлуки на возраст од 25 – 50 години).

Овој настан беше креиран со цел да се воспостави комуникација помеѓу младите и донесувачите на одлуки со цел подобрување на младинското информирање и младинското учество во Македонија преку воспоставување на систем за младинско информирање како дел од целите на тематската област Младинско информирање во рамките на Националната стратегија за млади 2016 – 2025 година. Како краен резултат на проектот беше подготвен Позициски документ кој ќе содржи препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво, формални принципи на комуникација помеѓу младинските структури и општините и подобрување на младинското информирање и учество.

Настанот е дел од активностите на проектот „Младинското информирање како основа за младинско учество“, поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+, Клучна Акција 3, Структурен дијалог помеѓу младите и донесувачите на одлуки.

Целта на овој проект е поголема информиранот на младите како основа за зголемување на младинското учество во креирањето на јавното мислење, односно во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво како и поголема интегрираност на младите во општеството.

Досега Коалиција СЕГА има организирано пет настани од ваков тип, во рамките на програмата ЕРАЗМУС+, Клучна Акција 3 со цел поттикнување на дијалог помеѓу младите и донесувачите на одлуки на локално и национално ниво.

Last Updated on Tuesday, 07 August 2018 14:30

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

September 2018 October 2018 November 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31