31.10.2017, во Битола се одржа Локална дискусија на тема „Информирани и вклучени млади“, како дел од активностите на проектот „Младинското информирање како основа за младинско учество“, поддржан од Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на Еразмус+програмата, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).
„Денешната дискусија за младинското информирање и младинското учество беше навистина динамична и резултираше со интересни заклучоци. Голема благодарност до сите учесници: млади, средношколци, студенти, професори, претставници на граѓанскиот сектор и младинските организации, претставници на политичките партии, HDTV MEGA. Но, пред се благодарност до Коалиција на младински организации СЕГА за можноста да ја фасилитираме оваа дискусија“, изјави Наташа Чавдароска, Форум 16 Битола.
По завршувањето на локалните дискусии во сите 10 планирани општини вклучени во проектот (Прилеп, Штип, Битола, Струмица, Гевгелија, Кавадарци,Тетово, Кисела Вода, Гази Баба, Шуто Оризари) ќе биде подготвен сумарен извештај со препораки и заклучоци од локалните дискусии.
Сумарниот извештај ќе биде дискутиран за време на главната активност во проектот, а тоа е тридневна работилница која ќе се одржи во периодот од 06-09 декември 2017, во Струга, на која ќе биде подготвен „Позициски документ со препораки за воспоставување на систем за младинско информирање на локално и национално ниво во Р.Македонија“.
< Prev | Next > |
---|
Last Updated on Friday, 03 November 2017 12:11