Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од SDC
| Home |
| Вести |
| Линкови |
| СЕГА тим |
| Контакт |
| Барај |
| Годишни извештаи |
| За Коалиција СЕГА |
| Членки |
| Одлуки |
| Донатори |
| DOWNLOAD |
| е - Билтен |
| Национална Стратегија за Млади |

| За Коалиција СЕГА |
|
|
|
| Напишано од Коалиција СЕГА |
| Недела, 21 Јануари 2007 14:47 |
Историјат и развојИницијативата за формирање на Коалиција на младински организации беше покрената од страна на Младински Совет - Прилеп и две партнер-организации за аплицирање и имплементација на проектот “Младински Национален Акционен План”. Како продолжение на започнатиот процес, Коалицијата на Младински организации “СЕГА” неформално е формирана на 20 Јануари 2004 год. со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на РМ и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 год. е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани. Членството на Коалицијата (во овој момент) го сочинуваат 15 полноправни и 14 придружни организации-членки. Управувачката структурата ја сочинуваат следниве органи: · Собрание - составено од сите членки; · Управен одбор - составен од 5 претставници од организации полноправни членки; · Надзорен одбор - составен од 3 членови. Извршната структура е организирана во Централна канцеларија со седиште во Прилеп и 5 регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и 2 во Скопје. МисијаКоалицијата на младински организации “СЕГА” работи на развивање и примена на младинските политики во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба. ВизијаСЕГА е одржлива и развиена младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. Нашето делување доведува до подобрена општа состојба на младите, нивна вклученост во донесување одлуки и примена на законски регулативи. Нашиот успех се препознава во промовирањето на младите како ресурс во општеството, спремни да одговорат на новите предизвици.Структура![]() Вредности и принципи на работа
Реализирани проекти
Младински Национален Акционен План Период на реализација: Декември 2003 - Септември 2004 Главни активности: Организирање на 3 младински форуми и 15 трибини со цел за идентификување на потребите и проблемите на младите и нивно адресирање во Драфт Национална Стратегија за Млади на Р. Македонија
Креирање на Младинска политика Период на реализација: Март - Мај 2004 Главни активности: Организирање на 10 тркалезни маси со цел вклучување на локалните засегнати страни.
Дијалог со младите Период на реализација: Мај - Јули 2004 Главни активности: Организање на 50 младински работилници на теми: образование, здравство, вработување, младите и криминалот и младите како граѓани.
Конференција за Младинска политика во ЈИЕ Период на реализација: Септември - Декември 2004 Главни активности: Размена на искуства и придонес во развојот, донесувањето и имплементирањето на младинските политики во ЈИЕ.
Промоција на Младинска политика Период на реализација: Март - Мај 2005 Главни активности: Организирање на 10 тркалезни маси за промоција на Националната Стратегија за млади на Р. Македонија.
Младински подготвителен Форум Период на реализација: Мај - Јуни 2005 Главни активности: Организирање на Младински подготвителен Форум за 50 деца и млади за прибирање на информации за младинско учество и предлози стратегии кои би го зголемиле младинското учество.
Тренинг за застапување и лобирање Период на реализација: Август - Септември 2005 Главни активности: Организирање на тренинг за 20 учесници, членови на коалицијата СЕГА.
Активности на регионалните канцеларии на коалицијата СЕГА Период на реализација: Ноември 2005 Главни активности: Организирање на 6 работилници за млади со цел промоција на Националната стратегија за млади и организирање на 4 јавни дебати за промоција на младинското организирање.
Промоција на коалицијата СЕГА на НВО саем Период на реализација: Декември 2005 Главни активности: Промоција на коалицијата преку штанд-презентација и организирање на Панел сесија за младинска политика и младинско учество.
Млади волонтери во акција Период на реализација: Мај-Јули 2006 Главни активности: Организирање на 24 едукативни сесии со 140 волонтери со цел воведување и информирање на волонтерите на СЕГА со историјата и развојот на СЕГА и Националната стратегија за млади, подготовка на акционен план за следни чекори на секторот за волонтеризам.
Напреден тренинг за прибирање на средства – Пристап на младинските организации до европските фондови Период на реализација: Јуни-Август 2006 Главни активности: Организирање на регионален тренинг за 30 учесници од младински организации од Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.
Тренинг за младинско учество и лидерство Период на реализација: Септември - Октомври 2006 Главни активности: Организирање на тренинг за 20 млади учесници од различни региони на Македонија на тема младинско учество и ледерство.
Регионална застапеност на коалицијата СЕГА Период на реализација: Март - Јуни 2007 Главни активности: Објавување на повик за младински органзиации (членки на СЕГА), сосотаноци на Управниот одбор за избор на организација која ќе менаџира со регионална канцеларија на СЕГА, воспоставување и опремување на регионална канцеларија на СЕГА во Скопје. Национална кампања за имплементација на националната стратегија за млади на Република Македонија Период на реализација: Февруари - Септември 2007 Главни активности: Организирање на локални отворени форуми, културни настани, печатење на промотивни материјали, состаноци со градоначалници, состаноци со младински организации, состаноци со министерства, медиумска кампања.
Интегрирање на родовата перспектива во националната стратегија за млади на Република Македонија Период на реализација: Септември 2007- Октомври 2008 Главни активности: Организирање на Младинска конференција, организирање на тренинг за Националниот Управувачки Комитет, формирање на работни групи, организирање на работилници за подготвока на Акциони планови, организирање на состаноци за Националниот Управувачки Комитет, усвојување на Акциониот План, публикување на Акциониот план и негова промоција на национална пре-конференција, организирање на локални настани за промоција на Акциониот план.
Младите во заштита на јавниот интерес Период на реализација Октомври 2007 - Август 2008 Главни активности: Воспоставување на мрежа од младински групи и младински организации, организирање на еднодневен состанок за проценка на капацитетите на организациите, обезбедување на правна поддршка за подготовка на статут и други акти за формирање на здружение на граѓани и обезбедување на финансиска поддршка за регистрација на младински здруженија, организирање на тренинзи на следните теми: Градење на тим, тимска работа и лидерство, управување со проектен циклус, односи со јавноста, креирање на политики и застапување и лобирање, поддршка на шест мини проекти (кампањи за застапување).
Едукација на млади гласачи Период на реализација: Октомври 2008 - Мај 2009 Главни активности: Организиран Тренинг за тренери, Подготвени 5000 брошури ″Излези и гласај″ 33 000 флаери, обучени 26 локални едукатори, спроведени 150 работилници за подигнување на свеста за гласање во средните училишта, реализирани 26 форуми, 26 инфо-денови во Март 2009, 5 музички настани во 2009, зголемена излезеност на гласачи
Младите во процесите на застапување на локално ниво Период на реализација: Ноември 2008 - Август 2009 Главни активности: Воспоставување на мрежа од младински групи и младински организации, организирање на еднодневен состанок за проценка на капацитетите на организациите, обезбедување на правна поддршка за подготовка на статут и други акти за формирање на здружение на граѓани и обезбедување на финансиска поддршка за регистрација на младински здруженија, организирање на тренинзи на следните теми: Градење на тим, тимска работа и лидерство, управување со проектен циклус, односи со јавноста, креирање на политики и застапување и лобирање, поддршка на пет мини проекти (кампањи за застапување) во периодот од Февруари - Август.
Совети на Млади во општините Период на реализација: Декември 2008 - Ноември 2009 Главни активности:Променети статути на Општините, воспоставени и институционализирани механизми за младинско учество како и пракси за идентификување и решавање младински проблеми на локално ниво вклучувајќи ги сите засегнати страни во заедницата, воспоставување на младински советодавни тела и младински парламенти, зајакнување на капацитетите на младинските советодавни тела и младинските парламенти преку обука за застапување и лобирање.
Имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето во Македонија Период на реализација: Мај 2009 - Ноември 2009 Главни активности: Изготвување на методологија за истражување, спроведено истражување на 1100 деца во 14 градови, мапирање на локални институции во 14 градови, анализа на легислатива и организирање на фокус групи. Подготвен и презентиран Алтернативен извештај до Комитетот за Правата на Детето при ООН.
Младинско учество во процесите на креирање политики на локално ниво Период на реализација: Мај 2009 - Ноември 2009 Главни активности: Креирање на комуникациска стратегија, Организирање на семинар за младинско учество и младинско информирање, спроведено мапирање на локални институции во 4 градови, Организиран тренинг за тренери, Пеер работилници во средни училишта, високообразовни институции и НВО, Организирање на тркалезни маси, одржување на јавни трибини.
Тековни проекти
Промовирање на Младинскиот Активизам во Неразвиените Региони Период на реализација: Октомври 2009 – Јули 2010 Главни активности: Организиран Тренинг за тренери за младинско учество (9 тренери); Тренинг за младинско учество и Лобирање и Застапување за претставници на НВОи; Тренинг за младинско учество и Лобирање и Застапување за млади членови на Општински Совет; 4 мали кампањи за младинско учество спроведени во партнерство; заеднички семинар со претставници на НВОи и млади членови на Општински Совет.
Креирање на Локални Младински Стратегии Период на реализација: Јануари 2010 – Ноември 2010 Главни активности: Креиран прирачник за локални младински стратегии; Организиран тренинг за креирање локални младински стратегии; формирани координативни тела и работни групи во 10 градови; спроведени 10 фокус групи за дефинирање клучни приоритети на локално ниво; спроведена анкета за 1035 млади на локално ниво.
Анализа на Македонската и Европската Легислатива која се однесува на млади Период на реализација: Март 2010 – Јули 2010 Главни активности: Спроведена компаративна анализа на ЕУ и МК легислативата за млади со формулирани препораки; презентирани наодите и препораките до јавноста
Истражување на младинските трендови Период на реализација: Април 2010 – Септември 2010 Главни активности: Селектирани 30 анкетари за теренско истражување – анкети за млади; мапирање на младинските организации Централна канцеларијаУл. Иво Лола Рибар бр.5 Регионална канцеларија ТетовоУл. Љубо Божиновски бр. 82 Регионална канцеларија ОхридУл. Туристичка бб Регионална канцеларија СкопјеУл. Стрезово бр. 7 Регионална канцеларија ШтипУл. Васил Главинов бр. 20 |
| Последно освежено на Вторник, 20 Јули 2010 11:17 |
Коалиција на младински организации СЕГА













