ПочетнаЗа СЕГАНСМКонтактЛинкови

Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од
SDC

Home
Вести
Линкови
СЕГА тим
Контакт
Барај
Годишни извештаи
За Коалиција СЕГА
Членки
Одлуки
Донатори
DOWNLOAD
е - Билтен
Национална Стратегија за Млади
Проект:” Имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето во Македонија“
Вторник, 06 Јули 2010 04:40

 

Во периодот од 01 Јули – 31 Декември 2010 година Коалицијата на младински организации СЕГА ќе го спроведе проектот „Имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето во Македонија“. Целта на проектот е да се направи компактна анализа на примената на Конвенцијата за Правата на детето во Македонија во полето на детско и младинско учество. Овој проект е поделен во три компоненти: Првата компонента се базира на истражување на имплементацијата на членовите кои се однесуваат на детското и младинското учество од Конвенцијата за правата на детето како и проценка за примена на моделот на детски Омбудсман во средните и основните училишта; Втората компонента се однесува на анализа на моменталната состојба со младинското организирање во средните и основните училишта во Македонија и Третата компонента се однесува на проценка на функционирањето на воспоставените Совети на Млади во Македонија. Проектот ќе се спроведе во 14 градови во Република Македонија: Прилеп, Битола, Кавадарци, Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Виница, Штип, Гевгелија, Охрид, Струга и Ресен. Овој проект е финансиран од Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation)  со финансиска поддршка од 23.084,00 ЕУР како и од Коалиција СЕГА која учествува со 9.890,00 ЕУР. 

Последно освежено на Петок, 09 Јули 2010 06:38
 
Организирана Регионална дискусија за иницирање на закон за млади
Среда, 30 Јуни 2010 01:00

 

На 30ти јуни 2010 во општина Штип, Коалиција на младински организации СЕГА организираше Регионална дискусија за иницирање на Закон за млади во Република Македонија. Оваа дискусија е реализирана во партнерство со Агенција за млади и спорт на Република Македонија, во рамките на проектот Анализа на домашната и европската легислатива која го уредува статусот на младите кој е дел од годишната програма на Коалицијата СЕГА финансирана од програмата Civica Mobilitas.

Говорници на дискусијата беа: Гордана Цекова - советник за младинска политика во Агенција за млади и спорт, Елена Димовска – помлад соработник во Министерство за правда на Р.М., Бојан Кереместевски – Претседател на Совет на млади на општина Штип и Зоран Илиески – Извршен директор на Коалиција СЕГА. На настанот учествуваа и Претседателот на Советот на општина Штип, претставници од Универзитетот Гоце Делчев“ Штип, претставници од Советот на млади во општина Штип и претставници од младински организации.

Преку презентација од претходно направената анализа беа претставени проблемите со кои се соочуваат младите и можностите за нивно решавање. Исто така беше потенциран и успехот на Советот на Млади на општина Штип како дел од проектот Совети на млади во општините“ кој Коалицијата СЕГА го реализраше во периодот 2008-2009 год.

На оваа регионална дискусија беше нагласена потребата од донесување на Закон за млади кој би го дефинирал статусот на младите, младинското организирање и учеството на младите во донесувањето на одлуки. На средбата  беше дадена препорака за формирање на Совети на млади во поголем број од општините и формирање на Национален Совет на млади на Република Македонија со цел застапување и промовирање на младите на локално и национално ниво.

 

Последно освежено на Среда, 07 Јули 2010 05:12
 
Регионална дискусија за иницирање на Закон за млади во Република Македонија
Понеделник, 28 Јуни 2010 09:37

Од 01 март 2010 година Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Агенција за млади и спорт на Република Македонија го имплементираат проектот „Анализа на домашната и европската легислатива која го уредува статусот на младите“. Проектот е финансиски поддржан од програмата CIVICA MOBILITAS која ја спроведува Центарот за Институционален Развој. Во изминатиов период беше подготвена Компаративна анализа на домашната и европската легислатива која го уредува статусот на младите.

На 30 јуни 2010 година во малата сала на општина Штип со почеток од 11:00 ќе се организира „Регионална дискусија за иницирање на закон за млади во Република Македонија“.

Говорници на дискусијата ќе бидат Гордана Цекова, советник за младинска политика во Агенција за млади и спорт на РМ, Елена Димовска - Министерство за правда на РМ, Бојан Кереместевски - Претседател на Совет на млади на општина Штип, Универзитетски професор од Универзитет Гоце Делчев Штип и Зоран Илиески - Извршен директор на Коалиција СЕГА.

Последно освежено на Петок, 16 Јули 2010 13:03
 
Проект: „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“
Понеделник, 28 Јуни 2010 09:21

Од 01 јуни 2010 година, Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот „Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“. Проектот ќе се спроведува во Охрид, Скопје, Тетово, Дебар, Струга, Кичево, Гостивар и Куманово во период од седум месеци а е финансиски поддржан со програмата CIVICA Mobilitas која ја спроведува Центарот за Институционален Развој.

Целта на проектот е да се зајакне и промовира меѓукултурниот дијалог во деловите од Македонија каде има млади од различни етнички потекла.

Во текот на имплементацијата на проектот предвидени се следниве активности: координативен состанок со регионални координатори, организирање на обука за пеер едукатори, спроведување на пеер едукации во средни училишта, снимање и емитување на ТВ спот, печатење и дистрибуција на флаери, спортски натпревари и музички настани.

Последно освежено на Понеделник, 28 Јуни 2010 09:37
 
Проект: „Поддршка на младинскиот активизам во Република Македонија“
Понеделник, 28 Јуни 2010 09:01
Од 01 јуни 2010 година, Коалиција СЕГА започна да го имплементира проектот „Поддршка на младинскиот активизам во Република Македонија“. Проектот ќе се спроведува во пет градови од Република Македонија (Струга, Демир Хисар, Велес, Гостивар и Кратово) во период од седум месеци.

Целта на овој проект е да се зајакне младинскиот активизам во Република Македонија.

Преку овој проект ќе се поддржуваат веќе постоечки неформални младински групи и организации, во насока на нивна регистрација како здруженија на граѓани, ќе се зајакнуваат капацитетите на постојните младински организации во своето делување и ќе се креираат фондови за поддршка на младинските организации за третирање на проблеми со кои се соочуваат младите.

Овој проект се спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА за 2010 година која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.

Последно освежено на Понеделник, 28 Јуни 2010 09:38
 
Работилница за креирање на комуникациска стратегија
Четврток, 24 Јуни 2010 10:30

 

 

 

 

 

 

На 15 и 19 јуни 2010 год во просториите на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА се одржаа работилници за креирање на комуникациска стратегија.  Оваа стратегија има за цел да се развијат пораки и да се креира акционен план во насока на информирање на различните целни групи за услугите кои ги нуди центарот.

На 26 и 27 јуни 2010 година во просториите на ИНФО СЕГА ќе биде организирана Обука за прибирање на финансиски средства.  

Последно освежено на Четврток, 24 Јуни 2010 10:39
 
Организирани ИНФО ДЕНОВИ и Музички Хепенинг
Четврток, 24 Јуни 2010 04:43

 

 

 

 

 

 

На 03 и 04 јуни 2010 год. од страна на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар беа организирани ИНФО ДЕНОВИ  во сите средни училишта во Прилеп (Гимназија Мирче Ацев, С.О.У. Кузман Јосифоски – Питу, С.О.У. “Ѓорче Петров“, С.О.У. “Ристе Ристески Ричко“ и С.О.У. “Орде Чопела“). Целта на организирањето на овие настани беше воспоставување на директен контакт со младите и нивно информирање за услугите кои ги нуди овој центар.

На 05 јуни 2010 год. на плоштадот Александрија во периодот од 11:00 – 14:00h беше организиран Музички Хепенинг под мотото ИНФО СЕГА. На овој настан беа дистрибуирани флаери преку кои младите од општина Прилеп беа информирани за функционирањето на  Младинскиот Информативен и Советодавен Центар.

    

Последно освежено на Четврток, 24 Јуни 2010 10:39
 
Усвоена Локална Младинска Стратегија во областа на културата за општина Прилеп
Среда, 09 Јуни 2010 07:17

На 04 јуни 2010 година на редовна Седница на Совет на Општина Прилеп Локалната младинска стратегија во областа на културата за општина Прилеп беше едногласно усвоена од страна на советниците. Со усвојувањето на овој документ општина Прилеп е прва општина во Република Македонија која има подготвена и усвоена младинска стратегија во областа на културата.

Проектот Локална младинска стратегија во областа на културата за општина Прилеп Коалиција СЕГА го имплементираше во периодот од 01 декември 2009 – 31 март 2010 година а беше финансиски поддржан од Министерството за култура при Владата на Република Македонија.

 

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 2 од 19