ПочетнаЗа СЕГАНСМКонтактЛинкови

Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од
SDC

Home
Вести
Линкови
СЕГА тим
Контакт
Барај
Годишни извештаи
За Коалиција СЕГА
Членки
Одлуки
Донатори
DOWNLOAD
е - Билтен
Национална Стратегија за Млади
Mапирање за учеството на младите во процесите на одлучување
Сабота, 01 Август 2009 08:50

 

Во состав на активностите од проектот “Учество на младите во процесите на креирање политики на локално ниво - “Вклучете не СЕГА“ се спроведува мапирање за учеството на младите во  процесите на одлучување. Целта на спроведување на мапирањето е да се утврди бројот на млади мажи и жени - носители на раководни позиции во локалните самоуправи, бројот на млади во Советите на општините - учесници во процесите на донесување одлуки, утврдување на состојбата и идентификување на можностите и начините за учество на младите во процесите на донесување на одлуки. Исто така, преку мапирањето ќе се приберат информации за проценка на состојбата со учество на младите во процесите на креирање на политики во локалните самоуправи. Мапирањето се спроведува во четири општини: Прилеп, Општина Центар – Скопје, Тетово и Охрид. Целни групи на мапирањето се општинските совети, локалните самоуправи и локалните младински организации. Локалните координатори на проектот, од селектираните градови, ќе го спроведуваат мапирањето преку организирање на интервјуа со клучните луѓе во процесите на донесување на одлуки.
Добиените информации од мапирањето ќе бидат анализирани од страна на проектниот тим и ќе бидат презентирани низ сите идни активности во проектот вклучувајќи специфични препораки.
Проектот е финансиски поддржан од Агенција за млади и спорт и канцеларијата на UNIFEM во Македонија.

 
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНАР
Среда, 15 Јули 2009 11:04

Почитувани,

Ни претставува посебна чест да Ве поканиме во име на Коалицијата СЕГА, Европска Куќа од Каен и Асоцијацијата на агенции за локална демократија од Стразбур - Франција, за учество на семинар на тема „Младинско информирање и локални политики – искуства и предизвици“. Семинарот ќе се одржи од 21 до 23 Август 2009 година во Охрид, хотел Климетица. На овој настан учество ќе земат претставници на локални самоуправи, претставници на локални младински организации и млади од Македонија и претставници од Европската Куќа од Каен, Лигата за Образование, Регионалниот Сектор за Млади и Спорт – одговорен за Youth in Action програмата која е во состав на ЕУ и еден претставник од средношколската унија од регионот Долна Нормандија од Франција.

Оваа активност се реализира во склоп на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија од Франција, раководен од организацијата Асоцијација на агенции за локална демократија од Франција.

Сите заинтересирани за овој семинар, членови на младински организации, можат да се пријават користејќи ја Апликацијата за овој настан (во прилог на оваа порака), која треба да се испрати на следната адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на факс: 048 429 390. Краен рок за испраќање на апликациите е 24 Јули 2009 година.

Работен јазик на семинарот ќе биде англиски. 

Трошоците поврзани со сместувањето, храната, работните материјали и патните трошоци се на товар на организаторот.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, слободно контактирајте не.

 

Коалиција СЕГА
Централна Канцеларија
Телефон/факс: 048/ 429 390
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Download: Апликација за семинар

Download: Драфт Агенда (en)

Последно освежено на Петок, 23 Октомври 2009 08:45
 
Започнат процес за изработка на нов Стратешки План на СЕГА (2010-2012)
Понеделник, 06 Јули 2009 17:11

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 Јули 2009 год. започна да го имплементира процесот на Стратешко Планирање како дел од Институционалниот Грант кој е одобрен од страна на Институтот за Трајни Заедници. Процесот ќе вклучи креирање на нов тригодишен Стратешки План (2010-2012) како и креирање на Стратегија за прибирање на финансиски сретства –ФР (Fundraising strategy) за имплементација на истиот. Процесот на изработка на стратешкиот план се очекува да се имплементира во период од 01 Јули - 31 Октомври 2009 год.

Активностите кои ќе следат во состав на овој процес се однесуваат на формирање на работна група за изработка на Стратешки план и ФР стратегија, организирање на тридневна работилница за програмско планирање и организирање на состаноци на работната група за стратешко планирање, организирање на работна средба со консултант за програмско планирање за ревидирање на структурата, организирање на дводневна работилница за подготовка на ФР стратегија, организирање на работни состаноци на работната група, организирање на еднодневна работилница за финализирање на ФР стратегијата и подготовка на организациски буџет завршувајќи со презентирање на  стратешкиот план до Управниот Одбор на Коалиција СЕГА од кого се очекува и да го усвои. Во рамки стратешкиот план ќе биде вклучен и Акционен план за 2010, организациски буџет и ФР стратегијата на Коалицијата СЕГА.

Вкупната сума на Институционалниот Грант е 285.125,00 мкд, од кои 264.800,00 мкд се грант на Институтот за Трајни Заедници, а 20.325,00 мкд се финансиско и не-финансиско учество на Коалиција СЕГА.

Последно освежено на Понеделник, 06 Јули 2009 17:18
 
Потпишан Меморандум за соработка со Министерство за Образование и Наука
Вторник, 23 Јуни 2009 11:16
  

 

На 19ти Јуни 2009 година во просториите на Министерството за Образование и Наука, Министерот за Образование и Наука, г-дин Перо Стојановски, и Извршниот Директор на Коалиција СЕГА, г-дин Зоран Илиески, потпишаа Меморандум за соработка.

Со овој меморандум Министерството за Образование и Наука ќе ја поддржи Коалиција на младински организации СЕГА во имплементацијата на проектот „Не плаши се, пријави корупција“.

Проектот ќе се реализира во период од 12 месеци и ке се спроведува во партнерство со студентските правобранители и студентските парламенти од државните универзитети. Главната цел на проектот е превенција од корупција и зголемување на транспарентсноста и одговорноста на работата на државните факултети во Република Македонија.

Со проектот ќе се воспостават функционални механизми за пријавување на корупција на државните универзитети. Една од целите на проектот е и промовирање на студентските правобранители како институција за заштита на правата на студентите, како и подигнување на свеста кај студнтите за спречување на корупцијата. Со проектот „Не плаши се, пријави корупција“ ќе се опфатат студентите од државните универзитети во Република Македонија како и студентските правобранители и нивните заменици на овие универзитети. 

     

Последно освежено на Четврток, 25 Јуни 2009 06:21
 
Семинар „Младинско Учество и Младинско Информирање“
Понеделник, 22 Јуни 2009 11:38

        

Во периодот од 16 – 18 Јуни 2009 година во хотел Оаза во Штип беше организиран семинар за Младинско учество и Младинско информирање. Семинарот се реализираше во состав на активностите од проектот “Учество на младите во процесите на креирање политики на локално ниво-“Вклучете не СЕГА“. На семинарот учествуваа претставници од четири општини опфатени со проектот: Прилеп,Охрид, Тетово и Општина Центар – Скопје, вклучувајќи претставници на локалната самоуправа, општинскиот совет, Комисија за млади и спорт, Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените, претставници на младински организации и организации кои работат на родовите прашања. На семинарот присуствуваше и претставник од канцеларијата на УНИФЕМ во Македонија кој на учесниците им го претстави аспектите на родова сензибилност во процесите на креирање на политики. Фацилитатор на семинарот беше Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција СЕГА.

Во текот на семинарот се дискутираше за различните начини на учество на младите жени и мажи во креирање на политики на локално ниво, за моменталните состојби во општините, анализирано од родова перспектива, како и за постоечките можности за учество. Во текот на семинарот беа утврдени можностите и беа изработени (предлог) акциони планови за вклучување на младите во структурите на одлучување и програмско работење на општините.

 

          

                            

Последно освежено на Понеделник, 22 Јуни 2009 18:17
 
Работилници за размена на искуства
Недела, 21 Јуни 2009 08:44

Во пероиодот од 11 до 14 јуни 2009 гидина во хотел Оаза – Штип се одржа семинар на тема „Работилници за размена на искуства за предизвиците на младинското учество во процесите на донесување на одлуки и дејствувување на локално и регионално ниво“. Семинарот беше составен дел од активностите на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Долна Нормандија – Франција. Целта на овој настан беше да се разменат искуства за вклученоста на младите во процесите на донесување на одлуки и нивно учество во сите сфери на локално и регионално ниво.

На семинарот учествуваа претставници од шест Локални Самоуправи и шест Младински невладини организации од Република Македонија како и гости од Долна Нормандија - Франција од истиот профил. На денот на своето пристигнување гостите од Долна Нормандија – Франција имаа можност да посетат две локални организации Локалната Фондација за поддршка и Развој и Младинскиот Клуб од Штип. Исто така имаа можност да ја посетат Локалната Самоуправа во Штип, каде што се сретнаа со Претседавачот на Советот на општина Штип.

На овој семинар беа разменети искуствата и предизвиците од младинската партиципација во донесувањето одлуки со кои се соочуваат локалните самоуправи и младинските организации од Македонија и регионот на Долна Нормандија - Франција.

 

Последно освежено на Недела, 21 Јуни 2009 08:45
 
Извештај од Обуката за мапирачи
Вторник, 09 Јуни 2009 05:27

 

Во периодот од 06 – 07 Јуни 2009 година во хотел Салида во Прилеп се организираше обука за мапирачи. Обуката се реализираше во состав на активностите од проектот “Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“. Целта на организирањето на оваа обука беше мапирачите да се запознаат со прашалникот и да стекнат основни знаења и вештини за спроведување на мапирањето. На обуката присуствуваа 25 претставници од младински организации од 14 градови од Република Македонија: Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Дебар, Скопје, Куманово, Кавадарци, Штип, Виница и Гевгелија. Тренер на обуката беше Марија Нашоковска.

На првиот ден од обуката беа презентирани активностите од проектот и Конвенцијата за правата на детето. Исто така беше презентирана содржината од  седумте членови (4, 12, 13, 14, 15, 28 и 29) кои се основа на истражувањето.

На вториот ден од обуката беше презентирана целта на мапирањето и улогата и обврските на мапирачите. За време на обуката беа идентификувани институциите на локално и национално ниво каде треба да се изврши мапирањето. Мапирањето ќе се проведе во текот на месец Јуни 2009 во 14те градови.

  

                           

Последно освежено на Вторник, 09 Јуни 2009 05:44
 
Извештај од Обуката за анкетари
Понеделник, 08 Јуни 2009 01:00

    

 Во периодот од 30 – 31 Мај 2009 година во хотел Сонце ГА во Прилеп се одржа обука за анкетари. Обуката се организираше во состав на активностите од проектот “Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“. Целта на организирањето на оваа обука беше децата - анкетари да се запознаат со анкетниот прашалник и да стекнат основни знаења и вештини за спроведување на анкетирањето. На обуката присуствуваа 16 деца од 14 градови од Република Македонија: Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Дебар, Скопје, Куманово, Кавадарци, Штип, Виница и Гевгелија. Тренер на обуката беше Елизабета Марковска.

На првиот ден од обуката беа презентирани активностите од проектот и Конвенцијата за правата на детето и беше презентирана содржината од  седумте членови (4, 12, 13, 14, 15, 28 и 29) кои се основа на истражувањето. За таа цел децата беа поделени на 7 групи, при што секоја група обработуваше по еден член репрезентирајќи го текстуално визуелно на начин како што децата го разбираат .

Во текот на вториот ден од обуката беше презентирана целта на истражувањето и улогата и обврските на анкетарите (насоки како да ја спроведат анкетата, што треба да знаат, кој ќе биде анкетиран, во кои градови кои појаснувања треба да ги дадат, анкетен извештај и датуми за спроведување на анкетата). Исто така во текот на вториот ден детално беше разгледан анкетниот прашалник и од страна на тренерот беа дадени детални инструкции за методологијата на неговото спроведување. Во наредните 10дена, младите анкетари имаат задача да го спроведат истражувањето  во предвидените градови.

       

                          

Последно освежено на Вторник, 09 Јуни 2009 05:45
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 19