ПочетнаЗа СЕГАНСМКонтактЛинкови

Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од
SDC

Home
Вести
Линкови
СЕГА тим
Контакт
Барај
Годишни извештаи
За Коалиција СЕГА
Членки
Одлуки
Донатори
DOWNLOAD
е - Билтен
Национална Стратегија за Млади
Промовиран Акциониот План во општина Центар
Четврток, 17 Септември 2009 07:57

На 15 Септември 2009 година во салата во општина Центар беше промовиран Акциониот План за имплементација на НСМ. Целта на организирањето на овие настани е  да се промовира усвоениот Акционен план за имплементација на НСМ за 2009 година и да се запознаат локалните институции со предвидените активности од Акциониот План. Планот ќе се промовира во 20 општини во Република Македонија.

   

Последно освежено на Четврток, 17 Септември 2009 07:58
 
Средба со Директорот на УСАИД мисијата во Македонија
Сабота, 12 Септември 2009 16:26

На 09 Септември 2009 година во централната канцеларија на Коалиција СЕГА персоналот имаше средба со директорот на USAID мисијата во Македонија, г-динот Мајкл Т. Фриц.

На состанокот се дискутираше за тековните проектни активности на Коалиција со посебен акцент за текот на проектот “Совети на млади во општините“ кој се имплементира во Штип, Радовиш и Ресен, финансиран од ИТЗ - USAID. Исто така на состанокот беа презентирани досега реализираните проекти на Коалиција СЕГА. Се дискутираше и за стратешките определби на СЕГА како и за можностите за продолжување на соработката со USAID. 
      
Последно освежено на Сабота, 12 Септември 2009 16:28
 
Известување од повик за фасилитатори
Вторник, 08 Септември 2009 09:40

Во период од 25 Август – 02 Септември Коалиција СЕГА објави повик за фасилитатори. На 03 Септември 2009 година Комисијата за евалуација на апликациите донесе одлука за избор на фасилитатори. За фасилитатори се избрани:
-    Дарко Конески – Младински Совет - Прилеп
-    Димче Каневче – Младински Совет - Охрид
-    Љупчо Велковски – Интеркултура Скопје
-    Едлира Палоши – Центар за Балканска Соработка  Лоја - Тетово
-    Ерол Адемов – Здружение за мултиетничко општество за човекови права – Штип
Во период од 14 – 20 Септември 2009 година фасилитаторите ќе фасилитираат по две фокус групи (со родители и фокус група со деца).

Последно освежено на Вторник, 08 Септември 2009 09:42
 
ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ
Среда, 26 Август 2009 09:56

 

Почитувани,

Во рамките на проектот “Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, финансиран од Pestalozzi Children’s Foundation и Коалиција СЕГА, а кој  Коалицијата СЕГА го спроведува во периодот од 01 Мај – 31 Декември 2009 година,  објавува ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ.


Се повикуваат активисти и членови на невладини организации да аплицираат за фасилитирање на фокус групи (фокус група со родители и фокус група со деца на возраст од 10 – 12 години). За учество во оваа активност ќе бидат селектирани 5 фасилитатори од следните градови: Скопје, Прилеп, Штип, Тетово и Охрид.

Критериуми за избор на фасилитатори:

-       Минимум 2 години искуство во НВО сектор
-       Искуство во работа со деца (формално образование, неформално образование, детски кампови)
-       Познавање на детски права
-       Добри интерперсонални способности
-       Добри комуникациски вештини
-       Способност да собира и анализира информации, како и да изведува заклучоци
-       Способност да фасилитира и координира настани
-       Способност за работа во мултикултурна средина
-       Предност имаат кандидатите кои имаат познавање на квалитативни истражувачки методи
-       Во Тетово предност имаат кандидати со познавање и на албанскиот јазик

Процесот на организирање на фокус групите треба да биде спроведен во втората половина од месец Септември. За спроведување на оваа активност предвиден е соодветен надомест.


Сите заинтересирани за учество во оваа активност (фокус групи) можат да се пријават со пополнување на Апликација која треба да ја испратат заедно со кратка биографија на следната адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на факс: 048 429 390.


Краен рок за испраќање на апликациите и кратката биографија е 02 Септември 2009 година.


Download: Апликација за фасилитатори


За дополнителни информации, слободно контактирајте со:


Маја Иваноска
Асистент на проектот
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 

Томислав Гајтаноски
Асистент на проектот
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Последно освежено на Среда, 26 Август 2009 10:05
 
Семинар „Младинско информирање и локални политики - искуства и предизвици“
Вторник, 25 Август 2009 11:53

Во период од 21 до 23 Август 2009 година во хотел Климетица во Охрид беше организиран семинар на тема „Младинско информирање и локални политики – искуства и предизвици“. Семинарот се реализираше во состав на активностите од проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција“. На семинарот учествуваа претставници од пет локални самоуправи од Штип, Аеродром, Кисела Вода, Ресен и Свети Николе како и претставници од локални младински организации од истите градови. На овој семинар учество зедоа и претставници Европската Куќа од Каен, Лигата за Образование, претставник од Министерството за Млади и Спорт на Република Франција – одговорен за Youth in Action програмата која е во состав на ЕУ, Центарот за нови технологии и еден претставник од средношколската унија од регионот Долна Нормандија од Франција. Претставниците од Долна Нормандија имаа средби со претставници од Локалната Самоуправа во Охрид, Младински Совет Охрид и НВО Опција од Охрид. Во текот на овој семинар тие остварија средба и со претставници од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност. Фасилитатор на овој настан беше Зоран Богдановски.

Во текот на семинарот се дискутираше за улогата на младинското информирање во рамките на младинските политики во Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција. Неколку сесии беа наменети за презентација на Гласникот, Метаморфозис и Млади Инфо, чии претставници им ги пренесоа своите искуства на учесниците за начинот на информирање на младите во Македонија и регионот на Долна Нормандија. Преку работа во мали групи учесниците дискутираа за пречките, можностите и очекувањата од имплементирањето на механизми за младинско информање во пракса, како што се младинските информативни центри. Како добра пракса беа споделени искуствата од работата на 27те младински информативни центри распределени во регионот на Долна Нормандија.

       
                      
Последно освежено на Вторник, 25 Август 2009 13:58
 
Работилница за стратешко планирање
Вторник, 25 Август 2009 11:02

Во периодот од 17 – 20 Август 2009 година во хотел Славија во Охрид беше организирана работилница за Стратешко планирање на Коалиција СЕГА. Работилницата се реализираше во состав на Административниот грант за стратешко планирање поддржан од Институтот за Трајни Заедници. На работилницата учествуваа 14 претставници на управните и извршните структури на Коалицијата како и претставници од организациите членки на Коалицијата. Во текот на работилницата се дефинираа новите насоки и стратегии на Коалиција СЕГА во следните три години. Исто така беше изработен и Акционен План за активности за 2010 година.

      

                           

Последно освежено на Вторник, 25 Август 2009 11:11
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШЕН КОНСУЛТАНТ
Вторник, 25 Август 2009 01:00

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШЕН КОНСУЛТАНТ ЗА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА СРЕДСТВА

Организација: Коалиција на младински организации СЕГА
Име на проект: Грант за институционален развој - Стратешко планирање

Позиција: Консултант за развивање на Стратегија за прибирање финансиски средства (Fundraising Strategy)

Коалицијата на младински организации СЕГА објавува јавен повик за консултантски услуги за развивање на Стратегија за прибирање финасиски средства (Fundraising Strategy). Консултантот треба да фасилитира работилници за развивање на Стратегијата за прибирање финансиски средства, како и да учествува во подготовката на самата Стратегија.

Коалицијата на младински организации СЕГА е одржлива и развиена непрофитна младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. СЕГА континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба. 

Коалиција на младински организации СЕГА доби грант за институционален развој кој предвидува креирање на нов тригодишен Стратешки план како и развивање на Стратегија за прибирање финансиски средства. Одобрениот грант е во состав на Проектот за зајакнување на граѓанското општество спроведувана од Институтот за трајни заедници со фондови од УСАИД во Македонија.

Стратешкиот план како и Стратегијата за прибирање финансиски средства ќе бидат развиени од работна група составена од младински работници кои се вклучени во работата на СЕГА, членови на организации членки на СЕГА, претставници од управната и извршната структура на Коалицијата како и надворешни членови.

Ангажманот на консултантот ќе биде со времетраење од најмногу 8 дена во текот на месец септември 2009 година. Работните обврски на консултантот ќе бидат:

- Да подготви и фасилитира дводневна работилница за креирање на Стратегија за прибирање финансиски средства,
- Да подготви и фасилитира еднодневна работилница за комплетирање на нацрт Стратегијата,
- Да обезбеди тековни и финални консултации при подготовката на стратегијата.

При аплицирањето кандидатите треба да достават:
1. биографија (CV)
2. мотивационо писмо
3. листа на референци
4. предлог методологија за одржување на работилниците.
5. цена на чинење на услугата

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Висок степен на образование во полето на економија / финансии или бизнис
2. Широко познавање на развојот на невладиниот сектор.
3. Пет (5) години работно искуство во приватниот или невладиниот сектор во полето на финансии
4. Искуство во креирање на стратегија/политика за прибирање на средства (во прилог на соодветната документација да се достави и референци од организации со кои претходно изработил стратегии за прибирање средства).

Download: Опис на работните задачи


Крајниот рок за аплицирање е 01 септември 2009 година. Избраниот апликант ќе биде контактиран најдоцна до 11 септември 2009.

Документите треба да се испратат на следнава адреса:

Коалиција на младински организации СЕГА
Ул. Иво Лола Рибар бр. 5, 7500 Прилеп
Со назнака „Јавен повик за консултант".

Заинтересираните апликанти можат да добијат дополнителни информации преку следните личности:

Зоран ИЛИЕСКИ
Извршен Директор
Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Тел: +389 70 73 33 47
       +389 48 42 93 90

Моника ИЛИОСКА

Асистент на проектот
Коалиција на младински организации на СЕГА
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Тел: +389 71 43 37 57
       +389 48 42 93 90

 

Последно освежено на Вторник, 25 Август 2009 18:16
 
Извешај за тековната имплементација на проектот Совети на млади во општините
Петок, 14 Август 2009 12:06

 

Преку активностите од проектот Совети на млади во општините, кои се реализираа во изминатиот период, се воспостави институционална рамка за учество на младите во процесите на донесување на одлуки во општините Штип и Радовиш. Имено се извршија промени во Статутите на овие општини во делот на задолжително формирање на Совети на млади. Формирањето на Советите на млади во општините ќе отпочне од месец Септември.

Досега по две еднодневни работилници на теми: Фацилитација и Пишување на проекти се организираа за потребите на координативните тела на Младинските Парламенти во општините Ресен, Радовиш и Штип. Активности кои што ќе следат во наредниот период се однесуваат на организирање по една еднодневна работилница на тема Менаџирање со проекти за координативните тела од овие општини.
      
                
 
Последно освежено на Петок, 14 Август 2009 12:08
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 9 од 19