Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"Децата имаат право да добијат и споделат информации, доколку информациите не им наштетуваат ним или на други."
Член 13, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Home

НАЈАВА, 04.04.2018, ХОТЕЛ АРКА - СКОПЈЕ: ПРОМОЦИЈА НА ИНДЕКС ЗА МЛАДИНСКИ РАЗВОЈ МАКЕДОНИЈА

  • PDF
  • Print
  • E-mail

На 4-ти април 2018 година, во хотел АРКА во Скопје, од 11:00 до 12:00 часот, Коалиција на младински организации СЕГА ќе организира промоција на Индексот за младински развој- Македонија во рамки на грантот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Грантот е тригодишна иницијатива што се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Заменик директор на проектот на УСАИД за граѓанско учество, Јетон Красниќи, директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, извршниот директор на Коалиција на младински организации СЕГА, Зоран Илиески и надворешниот соработник на проектот, Александар Цеков ќе имаат кратки излагања.

Главната цел на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници”, е да се зголеми влијанието на младинските организации кон граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, со што ќе се придонесе кон подобрување на статусот и добросостојбата на младите луѓе во државата. Целта ќе биде постигната преку примена на иновативни алатки за детектирање на младински потреби, со фокус на граѓанско учество, зајакнување на знаењата и вештините на младинските организации за адресирање на актуелните потреби на младите луѓе со што ќе се подобри разбирањето за младинското учество во локалната заедница. Проектот воведува Индекс за младински развој во Македонија, како нова и иновативна алатка за адресирање на потребите на младите на сите нивоа. Проектот се спроведува во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

 

Он-лајн прашалник за мислењето на младите во процесот на креирање на Етички Кодекс за младински работник

  • PDF
  • Print
  • E-mail

 

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт го спроведува проектот „Младински работници за младите“. Проектот се спроведува со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Целта на овој проект е да се влијае на младинското учество во демократскиот живот преку унапредување на улогата на Младинскиот Работник. Пристапот кој го предлагаме се базира на  препознавање на улогата Младински работник како посебна професија, како и развивање на “Етички Кодекс за Младински работници” преку кој ќе се стандардизираат професионалните вештини, знаења и способности на младинските работници во услугите кои тие ги обезбедуваат за младите.

На крајот на месец февруари 2018 во рамките на проектот, во Скопје, се одржа Национална работилница со донесувачи на одлуки на национално ниво. Целта на оваа работилница беше дискусија за дефинирање на препораки за подобрување на младинската работа во Македонија, односно дискусија за професијата Младински работник и нејзино признавање, како и идно ситематизирање на работни места за занимањето младински работник. Во периодот од 16 - 19 мај  2018 година ќе се реализира главната активност во проектот и тоа тридневна работилница за креирање на документ „Етички Кодекс за Младински работник“ која ќе се одржи во Струга. На оваа работилница учество ќе земат вкупно 45 учесници (млади на возраст од 18 – 29 години, и донесувачи на одлуки).

Тековна активност во рамките на овој проект е ОН-ЛАЈН прашалник кој е наменет за младите со цел да наведат неколку мислења за Младинскиот работник како етичка професија. Главниот фокус е ставен на креирањето на документот „Етички Кодекс за Младински работник“ со цел да се направи преглед на  мислењето на младите доколку би постоел таков официјален документ дали би имале поголема доверба во Младинските работници кај кои треба да се обратат за прашања и информации од нивни интерес. За таа цел ги покануваме младите да одделат дел од своето време и да го пополнат он-лајн прашалникот на следниот ЛИНК.

Кликнете ОВДЕ за да започнете со пополнување на он-лајн прашалникот за мислењето на младите за Креирање на Етички Код за Младински работник

 

 

Last Updated on Monday, 02 April 2018 09:12

 

Јавен повик за практиканство во ИНФО СЕГА Прилеп

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Коалиција на младински организации СЕГА објавува

ЈАВЕН ПОВИК за практиканство

Согласно активните мерки на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, за мерката 3.5 Практикантство, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, на  ден 16.03.2018 година,

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за две места за практиканство за времетраење од 3 месеци.

Работни позиции:

  1. Помошник на ЕВС координатор
  2. Комуникациски асистент во Младински Информативен центар ИНФО СЕГА

Придобивки од практиканството за кандидатите:

Месечен надомест за практиканство во износ од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и персонален данок на доход.

Практикантот ќе се стекне со следните знаења и вештини:

-       Подобрување на комуникациски вештини

-       Подобрување на англискиот јазик (говорни и пишани вештини)

-       Подобрување на компјутерски вештини

-       Раководење со техничка опрема

Потребни квалификации:

-       Млади евидентирани невработени лица до 29 години, активни баратели на работа, кои претходно немаат работно искуство односно претходно немаат засновано работен однос, и кои досега немаат учествувано во програмата за практиканство

-       Минимум средно образование

-       Познавање на англиски јазик (напредно ниво) и компјутери

-       Напредни компјутерски вештини (дизајн, веб, социјални мрежи) ќе се сметаат за предност

Задачи и одговорности на практикантот (ЕВС координатор):

-       Координација на ЕВС волонтери:

-       Да ги запознае волонтерите со културата, традицијата, начините на живот во Македонија; 

-       Да организира дневни состаноци за планирање на работата на волонтерите;

-       Помош и поддршка во реализацијата на активностите на волонтерите;

-       Административна и техничка поддршка за време на престојот на волонтерите;

-       Да го следи личниот и професионален развој на волонтерите;

-       Редовно да контактира со ЕВС координаторот;

-       Подготовка на дневни извештаи и доставување до ЕВС координаторот;

-       Минимум еднаш неделно да остварува индивидуални неформални средби со волонтерот за негова поддршка 

Поддршка на работата на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА (Комуникациски асистент во Младински Информативен центар ИНФО СЕГА:

-       Поддршка во спроведување на активности на локално ниво

-       Прибирање на информации корисни за младите луѓе од општина Прилеп

-       Помош во пишување на месечни извештаи  

Опционално (во зависност од способностите):

-       Дизајн на публикации, флаери и брошури

-       Администрирање на веб страни

-       Унапредување на примената на социјалните мрежи во информирање на младите.

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати за практиканти може да аплицираат најдоцна до 27.04.2018 (пeток), до 12:00 часот преку испраќање на свое CVи мотивационо писмо на е-маилот:   This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  со назнака: APLIKACIJA ZA PRAKTIKANTSTVO.

Last Updated on Thursday, 19 April 2018 13:55

 

Page 3 of 60

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Poll

Do you agree that the Governmental active employment measures will increase youth employment in Macedonia?
 

SEGA in media broadcasting

The Coalition of youth organization SEGA is:

member
organization at:

cooperating
organization of:

associate member
organization of
:

 

Calendar of SEGA's Activities

March 2018 April 2018 May 2018
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30