|
Промовирана YiA програмата во Прилеп |
|
Четврток, 05 Ноември 2009 08:04 |
|
 
На 30ти Октомври 2009 година во големата сала на општина Прилеп се одржа промоција на програмата „Млади во Акција“ која е во состав на Европската Комисија. На промоцијата присуствуваа млади и претставници од невладиниот сектор од Прилеп. Промоцијата имаше за цел да ја информира и запознае јавноста, посебно младите за бенефициите и можностите кои ги нуди програмата и како тие да станат дел од неа. Беа презентирани достапните програми во кои можат да аплицираат невладините организации од Македонија, на младите им се презентираше Европскиот Волонтерски Сервис и можностите кои истиот ги овозможува.
|
|
Последно освежено на Четврток, 05 Ноември 2009 08:04 |
|
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ЗА PEER ЕДУКАТОРИ |
|
Сабота, 17 Октомври 2009 17:43 |
|

Коалиција на младински организации СЕГА од 12 Октомври - 12 Декември 2009 година започна да го имплементира проектот: “Промовирање на Конвенцијата за правата на детето помеѓу децата во Македонија“ во Прилеп, Штип, Скопје, Тетово и Охрид. Проектот е финансиран од Pestalozzi Children’s Foundation и Коалиција СЕГА. Целта на проектот е да се промовира Конвенцијата за правата на децата помеѓу децата во Македонија. Во состав на активностите од проектот предвидено е да се формира тим од тренери (peer едукатори), да се организира Тренинг за тренери и да се организираат PEER едукативни работилници во основните и средните училишта во селектираните градови. За таа цел во период од 06 – 08 Ноември 2009 година во Прилеп ќе се организира Тренинг за тренери (peer едукатори). Секој од идните едукатори ќе има задача да организира 2 PEER едукативни работилници, односно стекнатото знаење од тренингот да го пренесат на своите врсници. За учество во оваа активност ќе бидат селектирани 5 ученици од VII одделение, 5 ученици од VIII одделение и 5 средношколци од I година средно образование од селектираните градови. Сите заинтересирани за учество во оваа активност (учество на Тренинг и тренери и организирање на PEER работилници) можат да се пријават со пополнување на Апликација која треба да ја испратат на следната адреса
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или на факс: 048 429 390 Краен рок за испраќање на апликации е 27 Октомври 2009 година. Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 29 Октомври 2009 година. Апликација за едукатори За дополнителни информации, слободно контактирајте со: Маја Иваноска Координатор на проект
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Коалиција СЕГА Централна канцеларија Телефон/факс: 048 429 390 |
|
Последно освежено на Среда, 07 Јули 2010 11:27 |
|
Проект: Промоција на Конвенцијата за правата на детето помеѓу децата во Македонија |
|
Четврток, 15 Октомври 2009 10:28 |
|
 Од 12 Октомври 2009 година Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот “Промоција на Конвенцијата за правата на детето помеѓу децата во Македонија“. Проектот ќе се имплементира во период од 2 месеци во општините Прилеп, Охрид, Штип, Тетово и Скопје. Целта на проектот е да се промовира Конвенцијата за правата на детето помеѓу децата во Македонија. Предвидени активности се: Формирање на тим од тренери и организирање на Тренинг за тренери; Организирање на PEER едукативни работилници; Организирање на состаноци со локални и национални власти задолжени за имплементација на Конвенцијата за правата на детето и Подготовка и организирање на локални настани за промоција на Конвенцијата за правата на детето. Вкупниот буџет на проектот е 3278, 70 €, од кои 2.799,00 € се средства од Pestalozzi Children’s Foundation, а 479,70 € се нефинансиско учество на Коалиција СЕГА. |
|
Последно освежено на Сабота, 17 Октомври 2009 17:44 |
|
Проект: “Учество на младите во локалните политики – Промовирање на младински активизам“ |
|
Четврток, 08 Октомври 2009 06:25 |
|

Од 01 Октомври 2009 година Коалиција на младински организации СЕГА започна да го спроведува проектот “Учество на младите во локалните политики – Промовирање на младински активизам“. Проектот ќе се имплементира во период од 10 месеци во Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Гевгелија, Неготино и Кавадарци. Целта на проектот е да се зголеми граѓанското учество во креирањето на политики и во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, а посебно да се промовира младинското учество. Предвидени активности од проектот се: Организирање на Тренинг за тренери за Младинска партиципација, Подготовка и печатење на прирачници, Организирање на тренинг за НВО, Поддршка на локални кампањи за застапување, Организирање на тренинзи за младите советници во советите на општините, Организирање на состаноци со градоначалници и Подготовка и дистрибуција на публикација од реализираните кампањи. Директни корисници од овој проект ќе бидат: 8 младински организации, млади советници во Општинските Совети од 8 градови во РМ (Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Гевгелија, Неготино и Кавадарци). Преку локалните кампањи ќе се опфатат 3000 млади луѓе. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy со вкупен буџет од 36000,00 USD. |
|
Последно освежено на Четврток, 08 Октомври 2009 06:31 |
|
Напредок од имплементацијата на проектот: “Зајакнување на капацитетите на младите“ |
|
Четврток, 08 Октомври 2009 06:18 |
|

Од 01 Март 2009 година Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот “Зајакнување на капацитетите на младите“ (партиципација, информирање и вработување) финансиран од Генерален секретаријат - Влада на Република Македонија. Проектот се имплементира во две фази во период од 5 месеци (01 Март – 31 Мај и 01 Септември – 31 Октомври 2009 година) во три општини во Република Македонија: Охрид, Струга и Кисела Вода – Скопје. Во трите општини реализирани се состаноци со засегнатите страни со цел нивно вклучување во проектот, организирани се информативни работилници и во моментов се спроведуваат обуки за полесен пристап за вработување. Исто така редовно се следат информациите за новите работни места, обезбедени се информации за можностите од стекнување на волонтерска пракса на младите во Македонија и европските држави и воспоставена е младинска берза за вработување. Во тек е формирање на Младински Консултативни Тела кои ќе го зголемат младинското учество во процесите на донесување на одлуки во Локалните Самоуправи. |
|
Последно освежено на Четврток, 08 Октомври 2009 06:19 |
|
Промовиран Акционен План во Ресен, Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга |
|
Петок, 02 Октомври 2009 05:15 |
|

На 22 Септември 2009 година во салата во Локална Самоуправа Ресен беше промовиран Акциониот План за имплементација на НСМ. Промоции за АП беа организирани во Дом на АРМ во Струмица и во Пионерскиот Дом во Гевгелија на 24 Септември и во салите во Локалните Самоуправи во Охрид и Струга на 25 Септември 2009 година. Целта на организирањето на овие настани е да се промовира усвоениот Акционен план за имплементација на НСМ за 2009 година и да се запознаат локалните институции со предвидените активности од Акциониот План. На овие настани присуствуваа 244 претставници од Локалните Самоуправи, Советите на општините, подрачните Министерства, Образовните институции, Здруженија на граѓани, средношколци и студенти.
|
|
Последно освежено на Четврток, 08 Октомври 2009 05:57 |
|
Организиран Тренинг за Тренери |
|
Петок, 02 Октомври 2009 05:11 |
|

Во период од 25 – 27 Септември 2009 година во хотел Климетица – Охрид беше организиран тренинг за тренери. На тренингот присуствуваа 12 учесници (4 средношколци, 4 студенти, 4 претставници од здруженија на граѓани од Тетово, Скопје, Прилеп и Охрид. Овој тренинг се организираше во состав на активностите од проектот “Учество на младите во процесите на креирање политики – Вклучете не СЕГА“. Целта на овој тренинг беше да се креира група на локални тренери (Peer educatori) кои ќе имаат задача да организираат и фасилитираат работилници за едукација и мотивација за учество на младите девојки и момчиња. Учесниците на овој тренинг се стекнаа со теоретски и практични знаења и вештини потребни за организирање на работилници за младинско учество. Исто така, учесниците беа запознаени со основните модели на младинска партиципација, што е peer едукација, фасилитаторски вештини, како да подготвуваат модул за работилница и како да ги планираат и спроведуваат работилниците. На крајот на тренингот учесниците преку симулација практицираа процес на подготовка на работилница за младинско учество. Во период на Октомври 2009 година ќе бидат организирани 36 работилници (4 со Младински организациии, 12 со студенти и 20 со средношколци) во четирите општини во РМ опфаќајќи околу 540 млади. Проектот е финансиран од Агенција за млади и спорт на РМ и канцеларијата на UNIFEM во Македонија.
|
|
Последно освежено на Четврток, 08 Октомври 2009 06:03 |
|
Извештај од Округлата Маса „Размена на искуства за предностите од збратимувањето на градови“ |
|
Петок, 02 Октомври 2009 05:06 |
|
 На 16 Септември 2009 година, во хотел Holliday Inn Коалиција СЕГА организираше округла маса на тема „Размена на искуства за предностите од збратимувањето на градови“. Учесници на овој настан беа градоначалници и претставници од локални самоуправи од регионот на Долна Нормандија – Франција и од Република Македонија.
Учесниците ги презентираа своите искуства од збратумувањето со други градови со посебен акцент на придобивките од ваков тип на соработка. Претставниците од Долна Нормандија истакнаа дека најчесто соработуваат со другите градови во областите на култура, туризам и спорт. Додека голем дел од градовите од Македонија соработката ја засноваат во областите на економија, култура, млади, граѓанство и туризам.
На оваа округла маса беше презентирана и програмата Граѓаните за Европската Унија како алатка која може да придонесе кон соработка и збратимување на градовите како и кон зајакнување на веќе збратимените градови од Македонија и регионот на Долна Нормандија.
На крајот од оваа средба учесниците од двете земји истакнаа дека треба да учат едни од други а најдобар начин за тоа е збратимувањето и соработката помеѓу градовите. |
|
Последно освежено на Четврток, 08 Октомври 2009 06:06 |
|
|