|


Организација: Коалиција на младински организации СЕГА Име на проект: Совети на млади во општините Позиција: Обучувач за одржување на обука на тема „Застапување и лобирање“ Коалицијата на младински организации СЕГА објавува јавен повик за испорака на обука на тема „Застапување и лобирање“. Обучувачот треба да испорача дводневна обука на која присутните би се стекнале со знаења од областа на застапувањето и лобирањето. Коалицијата на младински организации СЕГА е одржлива и развиена непрофитна младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. СЕГА континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба. Коалиција на младински организации СЕГА доби грант кој има за цел: Вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки. Одобрениот грант е во состав на Проектот за зајакнување на граѓанското општество спроведуван од Институтот за трајни заедници со фондови од УСАИД во Македонија. Ангажманот на обучувачот ќе биде со времетраење од најмногу 2 дена во текот на месец Декември 2009 година. Работните обврски на обучувачот ќе бидат: - Да подготви работни материјали за дводневна обука, - Да испорача дводневна обука, - Да изготви извештај од истиот. При аплицирањето кандидатите треба да достават: 1. биографија (CV) 2. мотивационо писмо 3. листа на референци 4. предлог методологија за одржување на обуката. 5. цена на чинење на услугата Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми: 1. Висок степен на образование 2. Широкопознавање на развојот на невладиниот сектор. 3. Пет (5) години работно искуство во приватниот или невладиниот сектор 4. Искуство во испорака на обуки од областа на застапувањето и лобирањето (во прилог на соодветната документација да се достави и референци од организации со кои претходно работел на оваа тематика). Крајниот рок за аплицирање е 01 Декември 2009 година. Избраниот апликант ќе биде контактиран најдоцна до 05 Декември 2009. Документите треба да се испратат на следнава адреса: Коалиција на младински организации СЕГА Ул. Иво Лола Рибар бр. 5, 7500 Прилеп Со назнака „Јавен повик за обучувач″. Заинтересираните апликанти можат да добијат дополнителни информации преку следните личности: Зоран ИЛИЕСКИ Извршен Директор Коалиција на младински организации СЕГА Е-маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Тел: +389 70 73 33 47 +389 48 42 93 90 Дарко КОНЕСКИ Асистент на проектот Коалиција на младински организации на СЕГА Е-маил: darkok@sega.org.mk Тел: +389 71 27 27 82 +389 48 42 93 90 |