ПочетнаЗа СЕГАНСМКонтактЛинкови

Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од
SDC

Home
Вести
Линкови
СЕГА тим
Контакт
Барај
Годишни извештаи
За Коалиција СЕГА
Членки
Одлуки
Донатори
DOWNLOAD
е - Билтен
Национална Стратегија за Млади
Програмата Млади во Акција промовирана во Крушево
Понеделник, 01 Февруари 2010 12:11

На 26ти Јануари 2010 година во Домот на Културата во Крушево се одржа промоција на програмата „Млади во Акција“ која е во состав на Европската Комисија. На промоцијата присуствуваа млади и претставници од невладиниот сектор од Крушево. Промоцијата имаше за цел да ги информира и запознае младите за бенефициите и можностите кои ги нуди програмата и како тие да станат дел од неа.

Беа презентирани достапните програми во кои можат да аплицираат невладините организации од Македонија, а на младите посебно им беше нагласен и концептот на Европскиот Волонтерски Сервис како и можностите и условите кои ги нуди. 

                     

Последно освежено на Четврток, 04 Февруари 2010 05:27
 
Напредок од имплементација на проект „Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони“
Понеделник, 01 Февруари 2010 12:04

  

Во периодот од 15 – 17 јануари 2010 година во хотел Оаза Штип беше организиран тренинг за застапување и лобирање. Оваа активност беше организирана во состав на проектот „Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони“, финансиран од National Endowment for Democracy. На тренингот присуствуваа претставници од организации членки на Коалиција СЕГА вклучени во активностите од овој проект. Целта на овој тренинг беше  учесниците да се запознаат со застапувањето и лобирањето посебно да стекнат знаења како да креираат кампања за застапување.

Во текот на јануари – февруари 2010 година ќе бидат организирани обуки за советниците од Општинските Совети и претставниците од Локалните Самоуправи од Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Кавадарци, Неготино и Гевгелија на теми „Младинско учество“ и „Застапување и лобирање“. Во овој период ќе бидат поддржани 4 регионални кампањи кои ќе го зголемат младинското учество во процесите на донесување одлуки и политичките процеси. Кампањите ќе се имплементираат во период од 01 март – 30 јуни 2010 година. 
                      

 

Последно освежено на Четврток, 22 Април 2010 06:35
 
Потпишан договор за институционална поддршка на СЕГА
Понеделник, 01 Февруари 2010 11:12

На 28ми Декември 2009 година во хотел „Холидеј Инн“ во Скопје, се организираше свечено потпишување на договорите за институционална поддршка на кои им беше одобрен институционален грант на повикот објавен од ЦИРА на 21ви Октомври 2009год. Коалицијата СЕГА е една од организациите корисници на грантови за институционална поддршка во рамките на првиот циклус на доделувањето на финансиска помош за годишните програми на граѓанските организации во Програмата CIVICA Mobilitas“. Одобрен грант за годишната програма на СЕГА е со вкупно одобрен буџет од 3.010.710 МКД (49.034 евра).

Програмата за поддршка на граѓанското општество CIVICA Mobilitasе во имплементација на Центарот за Институционален Развој ЦИРа – Скопје, а е финансиски поддржана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка.

Преку овај грант ќе се обезбеди административна и финансиска поддршка за реализацијата на Годишната Програма за работа 2010 на Коалицијата СЕГА.

Во текот на наредниот период членките на СЕГА ќе бидат континуирано информирани за имплементацијата на активностите од годишната програма, како и за можностите од нивно вклучување во истата. 
Последно освежено на Вторник, 09 Февруари 2010 06:59
 
Алтернативен извештај за спроведување на Конвенцијата за правата на детето во РМ
Понеделник, 25 Јануари 2010 07:13

Во периодот Мај – Ноември 2009 година, Коалицијата на младински организации СЕГА го спроведе проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, проект поддржан од детската фондација Песталоци. Како краен резултат на проектот беше подготвен Алтернативен извештај кој ќе биде презентиран пред Комитет за правата на детето при организацијата на Обединетите Нации во Женева, во почетокот на Февруари.

За утврдување на наодите презентирани во Алтернативниот извештај Коалицијата во соработка со тим на истражувачи и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) спроведе неколку истражувања на фактичката состојба. Се реализираше анкета со репрезентативен примерок деца на возраст од 13 – 17 години, фокус групи со деца на возраст од 10 – 12 години и родители на децата, мапирање на локалните институции во 14 градови кои работат на спроведување на Конвенцијата и анализа на законската регулатива. Фокусот на истражувањата беше ставен на правото на учество на децата во образованието и локалниот живот. Во продолжение може да се преземат анализите кои се изработени како резултат на истражувачкиот процес. 
Последно освежено на Четврток, 28 Јануари 2010 11:44
 
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ
Четврток, 21 Јануари 2010 11:30

  

 ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ

’’Учество на младите во процесите на донесување одлуки и политичките процеси’’

Со цел да се зајакнaт капацитетите на младите луѓе за учество во процесите на донесување одлуки и политичките процеси, Коалиција на младински организации СЕГА, во рамките на проектот ’’Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони’’ го објавува повикот за доставување на апликации од младинските организации вклучени во активностите на проектот.

Целта на повикот е да се едуцираат средношколците за учеството во процесите на донесување на одлуки и политичките процеси, преку поддршка на 4 регионални проекти.

Со овој повик се охрабруваат младинските организации, веќе вклучени во проектот, да аплицираат во партнерство: Младински Форум ОКО – Струга и Младински Совет - Охрид, Голем Град – Ресен и Форум на млади – Битола, Младински Совет – Прилеп и ЗОНА – Кавадарци, Граѓански центар за превенција и ресоцијализација – Неготино и Младински Совет Форса – Гевгелија со свои предлог проекти. 

 

Последно освежено на Четврток, 22 Април 2010 06:34
Повеќе...
 
Финансирани четири иницијативи во општините Ресен, Радовиш и Штип
Понеделник, 11 Јануари 2010 10:34

Проект: Совети на млади во општините

Во текот на месец ноември 2009 година преку проектот Совети на млади во Општините финансиран од ИТЗ/УСАИД, Коалицијата на младински организации СЕГА финансираше четири иницијативи во општините Ресен, Радовиш и Штип со вкупна вредност од 132 790,00 денари. Иницијативите имаа за цел решавање на конкретни проблеми на младите од овие општини.
Во Општина Ресен на предлог на координативното тело на Младинскиот парламент беа финансирани две иницијативи со вкупна вредности од 62 580,00 денари. Првата иницијатива „Јакнење на капацитетите на младите ракометарки во Ресен“ имаше за цел подигање на свеста кај младите за активно вклучување во спортот. Главни активности кои се презедоа кон остварување на истата беа набавката на дресови и топки за ЖРК Преспа и одржување на ракометен натпревар. Втората иницијатива „Културна олимпијада“ имаше за цел зголемување на интересот кај младите за посета на културните настани и привлекување за понатамошно активно работење во областа на уметноста. Преку оваа иницијатива беа организирани отворени денови за ликовна уметност, музичка уметност и литература.
Во Општина Радовиш на предлог на координативното тело на Младинскиот парламент беше финансирана иницијативата „Стоп за алкохолот“ со буџет од 28 090,00 денари. Оваа иницијатива имаше за цел да се даде придонес кон зголемувањето на свеста кај младите од 13 до 20 години за последиците од консумирањето на алкохол. Оваа цел се оствари преку делење на флаери, организирање на спортски натпревар и одржување на две едукативни работилници.
Во Општина Штип на предлог на координативното тело на Форумот на млади беше финансирана иницијативата „Културна веб страница за информирање на младите во Штип“ со 42 120,00 денари. Иницијативата имаше за цел  да се подигне нивото на култура и градење на критериуми за критичко консумирање на уметноста меѓу младите во Штип. За остварување на оваа цел членовите од Форумот на  млади собираа информации за културните случувања во општина Штип и креираа веб страна ( www.kultzon.mk ) на која треба да се објават истите.

                             

Последно освежено на Среда, 07 Јули 2010 11:16
 
Проект: „Инвестирај во твоето образование“
Понеделник, 11 Јануари 2010 07:05

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 февруари 2010 година ќе започне да го имплементира проектот „Инвестирај во твоето образование“.  Целта на овој проект е да ги насочи младите луѓе во изборот на соодветно високо образование во согласност со потребите на пазарот на трудот и економските потреби. Проектот исто така го тангира и бизнис секторот анализирајќи ги неговите услови и потреби за работен кадар во заедницата.

Предвидени активности се: организирање на состаноци на локално ниво; организирање на трибини на локално ниво, организирање на работилници за развој на критичко мислење на младите и изработка и дистрибуција на флаер. Директни корисници се 1000 млади на возраст од 17 – 18 години од општините: Прилеп, Охрид, Струга, Штип и Скопје од различна етничка и верска припадност. Индиректно ќе бидат опфатени околу 8550 млади луѓе кои го завршуваат средното образование во предвидените 5 градови. Проектот ќе се имплементира во период од 4 месеци, а е финансиран од Генерален Секретаријат на Владата на Република Македонија.

Последно освежено на Четврток, 28 Јануари 2010 11:08
 
Советниците од општините Тетово и Прилеп се информирани за состојбата со младинското учество
Понеделник, 28 Декември 2009 11:27

Во четврток на 24 декември 2009 година во Тетово и на 25 декември 2009 година во Прилеп се одржаа Седници на Советите на општина Тетово и општина Прилеп. Претставници од Коалиција СЕГА на советниците им поделија папки, пенкала и анализата од спроведеното мапирање за учество на младите и родовата еднаквост во процесите на креирање политики. Исто така и во Охрид на Седницата на Совет која ќе се одржи на 29 декември 2009 година на советниците ќе им бидат поделени материјали. Целта на оваа активност е да ги запознаеме советниците за состојбата со младинското учество.

Оваа активност се реализираше во состав на проектот „Учество на младите во процесите на креирање политики на локално ниво – Вклучете не СЕГА“.

Последно освежено на Вторник, 29 Декември 2009 10:06
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 6 од 19