ПочетнаЗа СЕГАНСМКонтактЛинкови

Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од
SDC

Home
Вести
Линкови
СЕГА тим
Контакт
Барај
Годишни извештаи
За Коалиција СЕГА
Членки
Одлуки
Донатори
DOWNLOAD
е - Билтен
Национална Стратегија за Млади
Проект: „Анализа на европското и македонското законодавство кое ги опфаќа младите“
Петок, 05 Март 2010 07:12

  

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 март 2010 година започна да го имплементира проектот „Анализа на европското и македонското законодавство кое ги опфаќа младите. Проектот ќе се имплементира во период од 5 месеци а е финансиски подржан од програмата CIVICA MOBILITAS која ја спроведува ЦИРА (Центарот за Институционален Развој) и е финансирана од SDC.

Целта на проектот е да се иницира процес на законски регулативи кои ќе придонесат за подобрување на животот на младите во Р.М. Во состав на овој проект ќе биде подготвена правна анализа за отпочнување на процес за донесување на закон за млади на РМ, ќе се формира работна група за започнување на процес на законски регулативи за млади, ќе се организира национална прес конференција и ќе се организираат 4 локални промоции на законската регулатива и анализите од истражувањето.

 

Последно освежено на Понеделник, 08 Март 2010 09:49
 
Организиран тренинг за застапување и лобирање
Четврток, 25 Февруари 2010 05:57

  

Во периодот од 19 – 21 февруари 2010 година во хотел Оаза Штип беше организиран тренинг за застапување и лобирање. Оваа активност беше организирана во состав на проектот „Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони“, финансиран од National Endowment for Democracy. На тренингот присуствуваа претставници од локалните самоуправи и членови на Советите на општините вклучени во активностите од овој проект. Целта на овој тренинг беше  учесниците да се запознаат со застапувањето и лобирањето посебно да стекнат знаења како да креираат кампања за застапување.

Во период од 27 – 28 март 2010 година ќе се одржи семинар на тема: „Младинско учество во општините“. Целта на овој семинар е да се презентираат постоечките модели на младинско учество и да се креираат нови механизми за младинско учество во процесите на донесување одлуки. На овој семинар ќе учествуваат претставници од младински организации, локални самоуправи и членови на Советите на општините.

 

Последно освежено на Четврток, 22 Април 2010 06:33
 
Локални младински стратегии
Четврток, 18 Февруари 2010 07:39

Од 01 Јануари 2010 година, Коалиција СЕГА започна да го спроведува проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“. Проектот ќе се имплементира 11 месеци во 10 општини во Република Македонија: Аеродром, Кисела Вода, Тетово, Штип, Кавадарци, Прилеп, Свети Николе, Радовиш, Гевгелија и Битола. Овој проект е во состав на годишната програма на Коалиција СЕГА финансирана со програмата CIVICA MOBILITAS која ја спроведува ЦИРА (Центар за Институционален Развој) во Македонија. Проектот е исто така финансиран од Агенцијата за млади и спорт како и Локалните Самоуправи во селектираните градови. Целта на проектот е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локални стратегии за млади.

Во состав на овој проект се предвидени следните активности: формирање на работни групи и координативни тела во секоја општина кои ќе ја подготвуваат стратегијата, ќе се спроведе истражување на локално ниво со цел да се утврдат специфичните приоритети за секоја општина, ќе се организираат јавни расправи во секоја општина за драфт Стратегиите и финалните стратегии ќе се достават со Советите на Општините во сите градови. Со цел успешна координација и поефективно спроведување на проектот, 16ти Февруари 2010 година беше одржан координативен состанок во Централната канцеларија во Прилеп на кој присуствуваа локалните координатори од сите градови. На состанокот беа дискутирани сите идни активности во состав на проектот.
Последно освежено на Понеделник, 08 Март 2010 09:50
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ
Среда, 17 Февруари 2010 04:53

Организација:      Коалиција на младински организации СЕГА

Позиција:             Консултант за подготовка на компаративна анализа на домашна и европска легислатива која регулира статус на млади

Коалицијата на младински организации СЕГА објавува јавен повик за консултантски услуги за спроведување компаративна анализа на домашната и европската легислатива како и на постоечките документи кои го регулираат статусот на младите.

Коалицијата на младински организации СЕГА е одржлива и развиена непрофитна младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. СЕГА континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.  

Коалиција на младински организации СЕГА доби институционален грант за спроведување на годишната програма за 2010 година на Коалиција СЕГА кој предвидува подготовка на анализа на законската регулатива која ги опфаќа младите. Одобрениот грант е во рамките на Програмата CIVICA MOBILITAS спроведувана од Центарот за Институционален Развој (ЦИРА) и финансиски поддржана од СДЦ.

Ангажманот на консултантот ќе биде со времетраење од најмногу 15 дена во периодот 01 Март – 15 Април 2010 година. Работните обврски на консултантот ќе бидат:

-       Подготовка на листа на документи (законска рамка) донесени на европско и национално ниво

-       Изработка на  концепт за анализа на законската документација

-       Подготовка на анализата со формулирани препораки

-       Подготовка на Завршен извештај

При аплицирањето кандидатите треба да достават:

1.     Биографија (CV)

2.     Портфолио од претходни анализи од ваков тип

3.     Листа на референци

4.     Предлог концепт за анализа

5.     Цена на чинење на услугата

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

1.     Висок степен на образование во полето на правни науки

2.     Широко познавање на развојот на невладиниот сектор.

3.     Пет (5) години работно искуство во приватниот или невладиниот сектор во полето на право

4.     Искуство во подготовка на анализи од сличен тип (во прилог на соодветната документација да се достави и референци од организации/институции со кои претходно изработил слични анализи).

Крајниот рок за аплицирање е 23 февруари 2010 година. Избраниот апликант ќе биде контактиран најдоцна до 26 февруари 2010 година.

Документите треба да се испратат на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на следнава адреса:

Коалиција на младински организации СЕГА
Ул. Иво Лола Рибар  бр. 5, 7500 Прилеп
Со назнака: „Јавен повик за консултант.

Заинтересираните апликанти можат да добијат дополнителни информации кај следните контакт лица:

Зоран Илиески
Извршен Директор
Коалиција на младински организации СЕГА
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Тел:      +389 78 470 400
            +389 70 733 347                       
            
+389 48 429 390

Маја Иваноска Крстевска
Координатор на проектот
Коалиција на младински организации на СЕГА
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Тел:      +389 78 470 401                       
             +389 71
278 460
             
+389 48 429 390

 

Последно освежено на Понеделник, 08 Март 2010 09:51
 
Презентиран Алтернативниот Извештај пред ОН Комитетот во Женева
Среда, 17 Февруари 2010 04:32

Во период од 01 Мај – 31- Декември 2009 година Коалиција СЕГА го имплементираше проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија“, поддржан од Pestalozzi Children’s Foundation. Главната цел на овој проект беше изготвување на Алтернативен Извештај за состојбата од имплементацијата на Конвенцијата за Правата на Детето во Република Македонија.

Извештајот беше подготвен преку однапред утврдена методологија за истражување, кое се состоеше од анкета, мапирање, фокус групи и деск истражување. На 01 Ноември 2009 година Алтернативниот извештај беше доставен до Комитетот за Правата на Детето при Обединетите Нации, со седиште во  Женева.

Во насока на презентација на извештајот пред Комитетот на ОН за Правата на Детето Г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на СЕГА и менаџер на проектот, и г-ѓа Марија Нашоковска, од истражувачкиот тим, присуствуваа на сесијата на овој Комитет наменета за презентација на алтернативните извештаи од НВОи за Република Македонија, во Женева во период од 01 – 04 Февруари 2010 година.

На оваа сесија свое обраќање имаше менаџерот на проектот, Зоран Илиески, кој ја презентираше моменталната состојба за клучните прашања од имплементацијата на Конвенцијата во Македонија. (Целосната верзија од неговиот говор можете да ја видите во делот „прочитај повеќе“). Исто така г-ѓа Марија Нашоковска имаше можност да одговори на прашањата од Комитетот поврзани со Алтернативниот Извештај на Коалиција СЕГА.
   
Последно освежено на Среда, 17 Февруари 2010 08:00
Повеќе...
 
Коалиција СЕГА стана организација соработник на ERYICA
Петок, 12 Февруари 2010 05:44

Врз основа на поднесеното барање за членство во Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување (ERYICA), Коалиција на младински организации СЕГА е прифатена за организација соработник на ERYICA.

Членството во ERYICA како организација соработник е во насока на исполнување на Стратешкиот План 2010-2013 на СЕГА, а е резултат на двегодишната партнерска соработка со ERYICA. Апликацијата за организација соработник беше поднесена за време на 20то Генерално Собрание на ERYICA, кое се одржа во декември 2009 год., на кое учествуваше и Извршниот Директор на Коалиција СЕГА.

Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување (European Youth Information and Counseling Agency) е меѓународна непрофитна асоцијација формирана на 17ти април 1986 година и е партнер на Европската Комисија и Советот на Европа.

Во моментов, ERYICA ја сочинуваат 26 организации - основни членки, 4 придружни членки и 3 организации соработници кои работат во 26 земји, со повеќе од 8.000 младински информативни центри, каде што 13000 работници им даваат на младите информации според принципите на Европската повелба за младинско информирање.

Во насока на продлабочување на соработката помеѓу ERYICA и Коалицијата СЕГА во април 2010 год. ќе биде реализирана посета, на Коалиција СЕГА, од страна на Извршниот Директор на ERYICA.
Последно освежено на Среда, 10 Март 2010 06:32
 
Организиран Тренинг за младинско учество
Понеделник, 01 Февруари 2010 12:35

  

Во периодот од 2931 јануари 2010 година во хотел Оаза Штип беше организиран тренинг за младинско учество. Овој тренинг беше организиран во состав на активностите од проектот „Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони“, финансиран од National Endowment for Democracy. На тренингот присуствуваа претставници од Локалните Самоуправи и советници од Советите на општините вклучени во проектот. Целта на овој тренинг беше претставниците од Локалните Самоуправи да се запознаат со темата младинска партиципација, актуелните состојби и законската рамка во оваа област во РМ и ЕУ.

Учесниците на овој тренинг се стекнаа со теоретски и практични знаења и вештини за младинско учество. Исто така, учесниците беа запознаени со основните документи и модели на младинска партиципација, форми и нивоа на младинско учество. 

   

                        

Последно освежено на Четврток, 29 Април 2010 10:28
 
Напредок од имплементацијата на проектот „Младинска стратегија во културата на локално ниво“
Понеделник, 01 Февруари 2010 12:24

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 Декември 2009 година започна со имплементација на проектот „Младинска стратегија во културата на локално ниво“, финансиран од Министерството за култура на Република Македонија. Целта нa проектот е да се изготви и усвои Локална Младинска стратегија во културата на општина Прилеп.

На 11 јануари 2010 година во Прилеп се одржа фокус група со млади. На оваа фокус група присуствуваа средношколци, студенти и претставници од локални младински организации. Целта на организирањето на оваа фокус група беше да се одредат информации потребни за дефинирање на приоритетите и потребите на младите во областа на културата во општина Прилеп.

На 23 јануари 2010 година се одржа состанок на работната група која ќе ја изготвува локалната младинска стратегија во културата за општина Прилеп. Во текот на февруари ќе бидат организирани два состаноци на работната група со што ќе биде изготвена Драфт стратегијата.
                         
Последно освежено на Четврток, 04 Февруари 2010 05:36
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 5 од 19