ПочетнаЗа СЕГАНСМКонтактЛинкови

Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од
SDC

Home
Вести
Линкови
СЕГА тим
Контакт
Барај
Годишни извештаи
За Коалиција СЕГА
Членки
Одлуки
Донатори
DOWNLOAD
е - Билтен
Национална Стратегија за Млади
Организирана Јавна расправа за Драфт Младинската Стратегија во културата на локално ниво
Вторник, 06 Април 2010 11:39

На 31 март 2010 година во големата сала на Локална Самоуправа Прилеп беше организирана   Јавна  расправа за Драфт локалната младинска стратегија во областа на културата за Прилеп. Оваа активност беше организирана во состав на проектот “Локална младинска стратегија во областа на културата за општина Прилеп“ имплементиран од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, а финансиран од Министерството за култура.

Целта на организирањето на Јавната расправа беше да се обезбеди поголемо вклучување на јавноста, културните институции, а посебно младите во креирањето на политики.

На настанот присуствуваа претставници од Локалната Самоуправа, културните институции, средношколци и студенти и беа дадени неколку забелешки во однос на стратегијата. Забелешките ќе бидат доставени до работната група која што ќе одлучи кои од нив ќе ги прифати, а кои не. 

   

 

 

Последно освежено на Вторник, 06 Април 2010 11:39
 
Делегација на ERYICA беше во посета на Коалиција СЕГА
Вторник, 06 Април 2010 11:25

Во периодот од 30 – 31 март 2010 година, делегација од Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување (ERYICAEuropean Youth Information and Counseling Agency) во состав од Извршниот Директор, Давиде Капеки, и претставник на Управниот Одбор на истата, Саша Дупор, беше во официјална посета на Коалиција на младински организации СЕГА.

Во текот на посетата делегацијата се сретна со Извршниот Директор на Коалиција СЕГА како и со тимот од централната канцеларија. На средбите се дискутираше за активностите поврзани со отворањето на првиот Младински Информативен Центар во Македонија, за локацијата во која би се сместил Центарот, повикот за пополнување на работните позиции и потенцијалниот датум за неговото отворање. Исто така, се дискутираше за бенефициите и одговорностите од членството на Коалиција СЕГА како организација соработник во ERYICA.

 
 
На 31ви март 2010 беше организиран состанок со Градоначалникот на општина Прилеп, Г-дин Марјан Ристески. На состанокот директорот на ERYICA ја презентираше улогата и функцијата на Агенцијата како организација која е одговорна за развојот на младинското информирање на територијата на Европа во соработка со Советот на Европа и Европската Комисија, потенцирајќи ја желбата да се зајакне соработката на полето на младинското информирање во Република Македонија. Исто така, на состанокот се дискутираше за отворањето на првиот МИЦ градот Прилеп. Начелно беше постигната согласност за периодот за отпочнување со работа кој би бил во текот на месец мај 2010. На свеченото отворање ќе присуствуваат претставници на ERYICA како и претставници на Европскиот Младински Форум, партнер на Европската Комисија во полето на младинската политика. 
 

 

Последно освежено на Четврток, 22 Април 2010 06:32
 
Организиран Семинар за младинско учество на локално ниво
Понеделник, 29 Март 2010 11:09

  

Во периодот од 27 – 28 март 2010 година во хотел Оаза Штип беше организиран семинар за младинско учество на локално ниво. Овој семинар беше организиран во состав на активностите од проектот „Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони“, финансиран од National Endowment for Democracy. На семинарот присуствуваа претставници од здруженијата на граѓани, Локалните Самоуправи и советници од Советите на општините Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Целта на овој семинар беше да се утврдат постоечките модели на младинско учество и да се креираат нови модели на младинско учество на локално ниво.

Учесниците на овој семинар изработија нацрт акциони планови за младинско учество на локално ниво. 

                

Последно освежено на Четврток, 22 Април 2010 06:30
 
Повик за учество на обука
Недела, 28 Март 2010 19:31

Почитувани,

Во името на Коалиција на младински организации СЕГА, Европска Куќа од Каен и Асоцијацијата на агенции за локална демократија (ALDA) од Стразбур Ве покануваме за учество на Тренинг „Поддршка на младинскиот активизам во средношколскиот живот“. Тренингот ќе се одржи во период од 22 до 24 април 2010 година во Охрид, хотел Климетица.

На овој настан предвидено е да учествуваат 6 претседатели на класови или претседатели на Училишни младински организации од средните училишта од Македонија и 4 млади средношколци од регионот Долна Нормандија од Франција.
Оваа активност е дел од Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија од Франција, раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (ALDA), а имплементирана од страна на Коалиција на младински организации СЕГА – Македонија и Европска Куќа од Каен - Франција.

Сите заинтересирани за учество на овај тренинг можат да се пријават користејќи ја Апликацијата за учество на овај настан која што треба да ја испратат најдоцна до 12 април 2010 год. на следната е-маил адреса: s Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или по факс: 048 429 390.

Работен јазик на тренингот ќе биде македонски и француски.

Трошоците поврзани со сместувањето, храната, работните материјали и патните трошоци се на товар на Коалиција СЕГА.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте не.
Последно освежено на Понеделник, 29 Март 2010 09:23
 
Студиска посета во Долна Нормандија
Вторник, 23 Март 2010 12:42

Во периодот од 8 до 12 март 2010 во Caen Долна Нормандија се реализира студиска посета „Стручно насочување и интегрирање на младите“. Студиската посета имаше за цел да се согледаат искуствата на регионот Долна Нормандија кои се во насока на подобрување на интеграција на младите преку промоција и нивно вклучување на локално и на Европско ниво. Специфично, посетата беше насочена кон согледување на искуствата и иницијативите кои ги превземаат  локалните власти за решавање на прашања поврзани со младинско информирање и обуки за младинско вработување.
Во текот на посетата беа остварени средби со организации и институции посветени на социјалната и професионалната интеграција за младите луѓе со цел продолжување на образованието и центри за обуката и усовршување. Исто така беа посетени и организациите кои работат во полето на младинско информирање со цел да се споделат практиките кои би биле применливи при отворањето на Младинскиот Информативен Центар во Македонија.
Делегацијата од Република Македонија да ја сочинуваа претставници (млади членови) од Советите на Општините Прилеп, Аеродром, Штип и претставник од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.
Оваа активност е дел од Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија од Франција, раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (ALDA), а имплементирана од страна на Коалиција на младински организации СЕГА – Македонија и Европска Куќа од Франција.


Последно освежено на Среда, 24 Март 2010 08:07
 
Обука за креирање на Локални Младински Стратегии
Вторник, 23 Март 2010 09:21

Во периодот од 19 – 21 март 2010 година во хотел Солферино - Струга беше организирана обука за креирање на Локални Младински Стратегии (ЛМС). На обуката присуствуваа претставници од Локални Самоуправи, членови на Совет и здруженија на граѓани од следните општини: Прилеп, Битола, Кавадарци, Тетово, Илинден, Кисела Вода, Свети Николе, Радовиш и Штип.

Учесниците на оваа обука се стекнаа со знаења за чекорите за подготовка на ЛМС, улогата на локалната самоуправа и засегнатите страни во процесот, формат за подготовка на стратегијата, значење и подготовка на Акциони планови за реализација на стратегијата и следење на остварувањето на Акциониот план  и мерење на постигнувањата.

Оваа обука е дел од активностите од проектот „Креирање на Локални младински стратегии“, финансиран од Агенција за млади и спорт, програмата CIVICA Mobilitas (имплементирана од ЦИРа а финансирана од Швајцарска агенција за соработка и развој) и 10 општини (Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Тетово, Илинден, Кисела Вода, Свети Николе, Радовиш и Штип). 
Последно освежено на Среда, 24 Март 2010 12:36
 
Поддржани проекти
Четврток, 11 Март 2010 07:50

  

Комисијата за евалуација на пристигнатите апликации од повикот „Учество на младите во процесите на донесување одлуки и политичките процеси“ ги разгледа пристигнатите апликации од младинските организации вклучени во активностите од овој проект. Со овој повик се подржаа 4 проекти кои што во партнерство ќе бидат имплементирани од страна на  следниве организации:

·          Младински Совет - Охрид и Младински Форум ОКО – Струга, ќе го имплементираат проектот „Младите можат“

·          Форум на млади - Битола и Голем Град – Ресен, ќе го имплементираат проектот  „Активна младинска партиципација и делување“

·          ЗОНА - Кавадарци и Младински Совет Прилеп, ќе го имплементираат проектот „Информирани – Мотивирани – ВКЛУЧЕНИ“

·          Граѓански центар за превенција и ресоцијализација – Неготино и Младински Совет Форса – Гевгелија ќе го имплементираат проектот „Можеме, знаеме и умееме“

Проектите ќе се имплементираат во период од 01 март – 30 јуни 2010 година.

 

Последно освежено на Четврток, 22 Април 2010 06:34
 
Извештај од Комисијата за евалуација на пристигнатите апликации од Јавниот повик за консултанти
Петок, 05 Март 2010 07:27

  

На Јавниот повик за избор на консултант во состав на проектот „Анализа на европското и македонското законодавство кое ги опфаќа младите“, вкупно пристигнаа 5 апликации:

1.     Горица Атанасова

2.     Емилија Тасева

3.     Катерина Георгиевска

4.     Жарко Хаџи-Зафиров

5.     ЦИКП Консалтинг

Комисијата за евалуација на пристигнати апликации на Јавниот повик за избор на консултант ги разгледа сите апликации. Поради одличниот концепт – методологија и претходното искуство Комисијата ја прифати апликацијата од Горица Атанасова.

 

Последно освежено на Понеделник, 08 Март 2010 09:50
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 4 од 19