ПочетнаЗа СЕГАНСМКонтактЛинкови

Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од
SDC

Home
Вести
Линкови
СЕГА тим
Контакт
Барај
Годишни извештаи
За Коалиција СЕГА
Членки
Одлуки
Донатори
DOWNLOAD
е - Билтен
Национална Стратегија за Млади
Меѓународен семинар „Денови на вмрежување во Македонија“
Среда, 09 Јуни 2010 07:02

Во период од 27-30 мај 2010, во хотел Климетица, Охрид, Коалицијата на младински организации СЕГА и Европскиот младински форум организираа меѓународен семинар „Денови на вмрежување“. Целта на овој настан беше да се обезбеди поддршка за формирање на Национален Младински Совет на Македонија. На семинарот учествуваа 35 претставници од младински организации од Македонија како и претставници на неколку Национални Младински Совети од други делови на Европа.

Младинските организации од Македонија работеа на чекорите во насока на подобрување на вмрежувањето на национално ниво со цел да се формира одржлива национална платформа на младински организации во Македонија. Освен од Европскиот младински форум, од Агенцијата за млади и спорт ја изразија нивната поддршка на напорите на младинските организации во консолидација на национално вмрежување. Овој настан го поздрави и Претседателот на Република Македонија, Г-дин Ѓорге Иванов, преку официјално писмо за поддршка кое беше прочитано на свеченото отворање на меѓународниот семинар.

Настанот беше организиран во рамките на country-to-country (држава-до-држава) стратегијата на YFJ со цел да сe обезбеди поддршка за основање/консолидација на Национални Младински Совети. По слични настани кои беа организирани во Србија, Бугарија и Црна Гора ова е четврт настан од овој вид.

 

  

 

 

Повеќе...
 
Официјално отворање на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА
Понеделник, 31 Мај 2010 12:30

 

 

 

 

 

 

На 31 мај 2010 година свечено беше отворен Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилеп. Центарот официјално беше отворен од страна  на Извршниот директор на Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување (ERYICA), Г-дин Давиде Капеки, Раководителот на сектор за развој за младинска политика на Европскиот Младински Форум, Г-дин Дражен Пулјиќ,  Извршниот директор на Коалиција СЕГА, Г-дин Зоран Илиески, Директорот на Агенција за млади и спорт, Г-дин Диме Спасов како и Градоначалникот на Општина Прилеп  Г-дин Марјан Ристески .

Центарот ќе нуди услуги и информации кои ќе бидат наменети за младите луѓе од областа на: Вработување и волонтирање, Програми за размена на студенти, Стипендии за едукација во Македонија и странство, информации за образовни, рекреативни, културни институции и установи, како и локални спортски и културни настани.

Покрај информациите, ИНФО СЕГА ќе организира обуки и едукации од областа на Граѓанско образование, Вработување и Здравство. Како дополнителни услуги кои ќе им бидат на располагање на корисниците се: директни, телефонски и online советувања, Картички со попуст за млади, Бесплатен Интернет и издавање на жолта книга за млади.

Локацијата на овој центар е позади Локална Самоуправа Прилеп.

Проектот Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е финансиран и поддржан од: Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија, Локална Самоуправа Прилеп, програмата CIVICA Mobilitas и Коалиција СЕГА.
  
Последно освежено на Понеделник, 31 Мај 2010 12:35
Повеќе...
 
Одржано Годишното Собрание на Коалиција СЕГА 2010
Четврток, 20 Мај 2010 07:59

На 11 мај 2010 година во просториите на централната канцеларија во Прилеп, се одржа Годишно Собрание на Коалиција на младински организации СЕГА. На собранието учествуваа претставници од 16 организации членки (Младински Форум ОКО, Форум на Млади – Битола, Мрежа на Млади Фармери, Организација на жените на Општина Свети Николе, Младински Клуб Штип, Интеркултура, Центар за Демократски Развој и Интеграција, Центар за Развој и Унапредување на Јавниот Живот, Волонтерски Центар - Скопје, Институт за Развој на Заедницата, Младински Совет Прилеп, ЗОНА Кавадарци, ХОПС, Младински Совет Охрид, Младински Совет Струмица, Граѓански Центар за Превенција и Ресоцијализација), како и претставници од Надзорниот и Управниот Одбор на СЕГА. На состанокот беше присутен и претставник на Центар за Институционален Развој (ЦИРа) како надворешно лице.

На ова Собрание беше усвоен записникот од претходната седница на Собранието, беше ревидирано членството на Коалиција СЕГА; беа разгледани и усвоени Извештајот на Управниот Одбор на СЕГА и  Извештајот на Надзорниот Одбор на СЕГА. Исто така беа разгледани и усвоени Програмскиот извештај за работата на СЕГА за периодот на 2009 година и Финансискиот извештај за работата на СЕГА за периодот на 2009 година.
 

Одлуките кои беа донесени на Собранието можете да ги најдете во секцијата одлуки.

Последно освежено на Четврток, 20 Мај 2010 18:55
 
Обука “Поддршка на младинскиот активизам во средношколскиот живот“
Среда, 19 Мај 2010 09:40

Во периодот од 13 до 15 јуни 2010 година во хотел Климетица –Охрид се одржа обука на тема „Поддршка на младинскиот активизам во средношколскиот живот“. Обуката беше составен дел од активностите на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Долна Нормандија – Франција, раководен од АЛДА а имплементиран од Коалиција на младински организации СЕГА – Македонија и Европска Куќа – Каен, Франција. Целта на овој настан беше учесниците да разменат искуства за активизмот на младите луѓе во средношколскиот живот и да се стекнат со нови знаења и искуства, кои ќе ги пренесат на своите врсници.

На обуката учествуваа шест средношколци, претседатели на класни заедници, претседатели на средношколски младински организации, како и претседатели на класови, од Република Македонија, четири средношколци од Долна Нормандија - Франција од истиот профил.

На оваа обука учесниците се стекнаа со знаења за моделите на учество, како младите можат да се вклучат во процесите на донесување на одлуки, како и за тоа што претставува “EU Citizenship”, и како младите можат да придонесат за општеството преку градење на мрежи и коалиции.

Учесниците од Македонија и Долна Нормандија ги разменија искуствата и предизвиците за младинскиот активизам во средношколскиот живот од двете земји.

Последно освежено на Петок, 21 Мај 2010 09:51
 
Проект: Истражување на младинските трендови во Република Македонија
Петок, 14 Мај 2010 10:59

Од 01 април 2010 година Коалиција на младински организации СЕГА започна да го имплементира проектот „Истражување на младинските трендови во Република Македонија“. Проектот ќе се имплементира во период од 6 месеци а е финансиски подржан од програмата CIVICA MOBILITAS која ја спроведува Центарот за Институционален Развој.

Целта на проектот е да се даде придонес кон креирањето и спроведувањето на политиките за млади во Република Македонија.

Во текот на имплементацијата на проектот ќе се спроведи истражување на репрезентативен примерок на млади, мапирање на локални организации и институции, ќе се организираат регионални фокус групи, ќе се спроведат интервјуа со претставници на национални институции и организации и  ќе се организира национална дискусија по предметот на истражувањето.

Ова истражување ќе обезбеди ажурирани податоци за младинските трендови и потреби во државата.  Истражувањето ќе се спроведи во 13 општини  во Република Македонија: Битола, Дебар, Кавадарци, Кисела Вода, Куманово, Охрид, Прилеп, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Чаир и Штип.
Последно освежено на Сабота, 15 Мај 2010 18:06
 
Денови на вмрежување во Македонија
Недела, 09 Мај 2010 05:45

Европскиот Младински Форум (European Youth Forum) во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА Ве покануваат да земете учество на семинарот “Денови на вмрежување во Македонија” кој ке се одржи од 27 до 30 мај 2010 во Охрид - хотел Климетица.

Целта на настанот е да се обезбеди поддршка во процесот на воспоставување на национална младинска платформа во Македонија (Национален Младински Совет) преку мотивирање и поддршка на младинските организации кон нејзиното воспоставување. 
Исто така, овој настан има за цел да ја истражи ситуацијата со младинските организации во врска со нивната желба за соработка и вмрежување што би водело кон воспоставување на силна национална платформа. Планирано е семинарот да придонесе кон утврдување на ситуацијата со локалните политики за млади и да ја подобри соработката помеѓу државните институции одговорни за млади и младинските организации во Македонија. 

Сите заинтересирани членови на младински организации можат да аплицираат за учество на настанот користејќи ја Апликацијата која е во прилог на оваа порака.

Краен рок за аплицирање е 12 мај 2010 година.

Апликацијата за учество на семинарот треба да биде испратена на следниот е-маил:

  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   или факс: +32 2 230 21 23

Download: Апликацијата за учество на семинар

Реализацијата на оваа активност е финансиски поддржана од програмата Civica Mobilitas, Pestalozzi Children’s Foundation и European Youth Forum.

Последно освежено на Недела, 09 Мај 2010 05:50
 
Реализирани 10 фокус групи
Понеделник, 19 Април 2010 01:00

Во периодот од 25 март – 12 април 2010 година беа реализирани 10 фокус групи (Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Тетово, Илинден, Кисела Вода, Свети Николе, Радовиш и Штип) за утврдување на приоритетни области за младите во кои треба да се делува во секоја од општините. Оваа активност беше организирана во состав на проектот „Креирање на Локални младински стратегии“, финансиран од Агенција за млади и спорт, програмата CIVICA Mobilitas (имплементирана од ЦИРА, а финансирана од Швајцарска агенција за соработка и развој) и 10 општини (Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Тетово, Илинден, Кисела Вода, Свети Николе, Радовиш и Штип).

Целта на организирањето на овие фокус групи беше да се дефинираат најзагрозените сфери во кои проблемите на младите се најизразени. Преку реализацијата на фокус групите присутните засегнати страни врз основа на своите сознанија, како и на сумираните сознанија од досегашни спроведени истражувања за младинските потреби во нивната општина дискутираа кои области се приоритетни и избираа две до три сфери кои ги сметаат за најзагрозени и за кои имаат реални очекувања за подобрувања кои ќе можат да се видат во наредните пет години. Во составот на фокус групите беа вклучени претставници од локални младински организации, политички подмладоци, претставници на средношколски и студентски заедници и сојузи, советници од локалната администрација кои работат на младинската проблематика, советници во советот на општината, претставници од рурални места во состав на општината и претставници од локални институции (училишта, болници, центри за социјална работа, домови на култура).

За да се утврдат потребите и да се детектираат проблемите на младите луѓе на локално ниво во периодот 27 – 30 април 2010 година ќе се спроведи анкета  на примерок од 1035 испитаници на возраст од 15 – 29 години во селектираните општини. За спроведување на анкетата ангажирани се анкетари. 

 

Последно освежено на Петок, 30 Април 2010 10:12
 
Прирачници за Младинско учество и Застапување и лобирање
Вторник, 06 Април 2010 11:51

  

 Врз основа на долгогодишното искуство сo mладинските организации и Локалните Самоуправи во Република Македонија беше утврдена потребата од зајакнување на капацитетите на младите во полето на Младинската политика и младинското учество и Застапувањето и лобирањето.

За таа цел во состав на активностите од проектот „Промовирање на младинскиот активизам во неразвиените региони“ проектниот тим ги подготви прирачниците за  Младинско учество и Застапување и лобирање. Овие прирачници беа дистрибуирани до учесниците на обуките кои беа исто така реализирани во состав на проектот и очекуваме да бидат корисна алатка за развивање на нови форми на младинско учество во Република Македонија. 

 

Последно освежено на Четврток, 22 Април 2010 07:06
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 3 од 19