|
Понеделник, 02 Април 2007 20:35 |
|
Започна емитувањето на ТВ спотот од кампањата за имплементација на Националната стратегија за млади Младите СЕГА.
ТВ спотот се емитува на националната телевизија А1 во наредните два месеци. Доколку сакате да го погледнете ТВ спотот кликнете на повеќе или преземете го тука (7MB-wmv). |
|
Последно освежено на Вторник, 03 Април 2007 23:41 |
|
Повеќе...
|
|
Работилница со средошколци во Охрид |
|
Четврток, 29 Март 2007 11:28 |
|
На 17.03.2007 година, во просториите на Црвениот Крст во Охрид, со почеток во 12 часот, одржана е првата работилница за промоција на Коалицијата на младински организации СЕГА и кампањата за имплементација на националната стратегија за млади.
|
|
Последно освежено на Четврток, 29 Март 2007 11:44 |
|
Повеќе...
|
|
Среда, 28 Март 2007 13:34 |
|
Започна кампањата за имплементација на Националната стратегијата за млади. повеќе... |
|
Понеделник, 19 Март 2007 11:01 |
|
Младинскиот совет на Охрид како дел од младинската коалиција СЕГА со прес-конференција ја започна кампањата за имплементација на Националната стратегија за млади што ја усвои Владата на Македонија во декември 2005 година. Имплементацијата на Националната стратегија ... Повеќе... |
|
Официјален почеток на Кампањата „Младите СЕГА“ |
|
Вторник, 13 Март 2007 11:30 |
Младите – носители на процесот на имплементација на Националната Стратегија за Млади на Република Македонија
Со конференцијата за новинари што се одржа денес (12.03.2007) во Клубот на пратеници во Скопје, Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Агенцијата за млади и спорт на РМ го најавија официјалното отпочнување на Кампањата за поттикнување на имплементацијата на Националната Стратегија за Млади на РМ (НСМ) под мотото „Младите СЕГА“. Кампањата финансиски е поддржана од Европската Агенција за Реконструкција, преку проектот на Данскиот совет за бегалци „Јакнење на капцитети на граѓански организации„. |
|
Последно освежено на Вторник, 13 Март 2007 11:41 |
|
Повеќе...
|
|
Информација – Стратешко планирање |
|
Четврток, 01 Март 2007 15:13 |
|
На иницијатива на раководството на Коалиција СЕГА, а со цел да се заврши процесот на подготовка на стратешки планови на членките започнат уште во септември 2006, три организации од Коалицијата кои беа вклучени во тој процес и побараа дополнителна помош ќе работат на подготовка на своите стратешки планови. Во текот на Февруари консултантот од ДРЦ ќе работи со Граѓанска Асоцијација од Битола и Младински клуб од Штип, а во текот на март со Гама од Берово. Овие активности Коалицијата ги овозможи за своите членки преку проектот за јакнење кацитети на граѓански организации кој се имплементира во партнерство со ДРЦ. |
|
Одржано годишно собрание на Коалицијата СЕГА |
|
Среда, 14 Февруари 2007 15:48 |
Врз основа на со член 19, алинеја 2, а во врска со член 20 од Статутот на СЕГА и член 8 од деловникот за работа на Собранието, на ден 10.02.2007 год. (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на Централната канцеларија во Прилеп се одржа Редовно годишно собрание на Коалицијата на младински организации СЕГА. |
|
Последно освежено на Сабота, 17 Февруари 2007 13:06 |
|
Повеќе...
|
|
Размена на искуства во прибирањето средства во Република Македонија |
|
Понеделник, 22 Јануари 2007 21:15 |
|
Коалицијата на младински организации „СЕГА” во соработка со Центарот за институционален развој и Агенцијата за спорт и млади на Република Македонија на 22-23.11.2006 во Британскиот Совет во Скопје одржа семинар на тема „Размена на искуства во прибирањето средства во Република Македонија”.
На семинарот учествуваа претставници од организациите членки на Коалиција „СЕГА”, претставници од невладини организации, претставници од бизнис секторот во Р.Македонија и претставници од владините институции Целиот извештај на повеќе (PDF - 167KB) . |
|
Последно освежено на Петок, 02 Февруари 2007 11:43 |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 Следно > Крај >>
|
|
Страница 18 од 19 |