ПочетнаЗа СЕГАНСМКонтактЛинкови

Годишната програма
на СЕГА е поддржана
со програмата
CIVICA Mobilitas,
имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана
од
SDC

Home
Вести
Линкови
СЕГА тим
Контакт
Барај
Годишни извештаи
За Коалиција СЕГА
Членки
Одлуки
Донатори
DOWNLOAD
е - Билтен
Национална Стратегија за Млади
УТВРДЕН НАЧИНОТ НА РАБОТА НА ИСТРАЖУВАЧКИОТ ТИМ
Недела, 05 Септември 2010 10:34

РЕАЛИЗИРАНИ КООРДИНАТИВНИ СОСТАНОЦИ ВО СОСТАВ НА ПРОЕКТОТ: ”ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО МАКЕДОНИЈА“

Која методологија ќе се спроведува и кои резултати се очекуваат од истражувањето за проектот ”Имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето во Македонија“?

Тоа беше дискутирано, од јули до август, на средбите со истражувачкиот тим кој работи на проектот. На 24 август, во седиштето на Коалиција СЕГА, Прилеп, 14 локални координатори, претставници од Младински Совет Прилеп, ИМКА – Битола, Фокус – Ресен, Младински Совет Охрид, Агенција за локална демократија – Струга, Интеркултура – Скопје, Врама си – Куманово, Мрежа на млади фармери – Виница, ЗОНА – Кавадарци, Институт за развој на заедницата – Тетово, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Асоцијација за демократски иницијативи – Гостивар, Младински клуб Штип и Младински Совет Форса – Гевгелија ги разгледаа и сите идни активности во состав на проектот .

Проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ Коалиција СЕГА го спроведува во период од 01 Јули – 31 Декември 2010 година, а е финансиран од Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation).

 

Последно освежено на Недела, 05 Септември 2010 10:37
 
Во август средби со голема динамика
Недела, 05 Септември 2010 09:56

НОВИ КООРДИНАТИВНИ АКТИВНОСТИ И НАСОКИ ЗА УСПЕШНОСТ НА ПРОЕКТОТ

Со цел поуспешен проект, нови координативни насоки за работа добија локалните координатори од партнерските организации од Струмица (Младински Совет Струмица), Делчево (Младински Совет Делчево) и Кавадарци (ЗОНА Кавадарци), како и секретарот на ЛС Делчево, на одржаниот состанок, на 03 август 2010 година, во централната канцеларија на Коалицијата на младински организации СЕГА, во Прилеп.

Проектниот тим дискутираше за специфичните активности кои треба да се преземат за имплементирање на поставените насоки за проектот„Совети на Млади во Локалните Самоуправи“, но стана збор и за временската рамка за спроведување на целта.

За поуспешно имплементирање на проектот на состанокот беа посочени и распределени одговорностите на локалните координатори, но и се нагласи динамиката што треба да се реализира за имплементација на активностите за првите два месеци.

Месецот август, за Коалицијата на младински организации СЕГА беше, доста активен и на планот на организирање и други средби, се со цел да се запази временската рамка на проектните активности и нивната имплементација.

Токму затоа, Коалицијата на младински организации СЕГА, интензивно ги реализира средбите со градоначалникот на Кавадарци ( 04 август); градоначалникот на Делчево (10 август) и Претседателот на Советот на Општина Струмица (10 август 2010 година), сметајќи ги суштествени и неопходни за имплементирање на проектот „Совети на Млади во Локалните Самоуправи“.

 

Последно освежено на Недела, 05 Септември 2010 10:36
 
Семинар: „Младински Информативен Центар – алатка за успешна примена на младинските политики“
Сабота, 21 Август 2010 15:08

Во периодот од 03 – 05 септември 2010 во хотел ОАЗА – Штип, Коалиција на младински организации СЕГА ќе организира семинар на тема „Младински Информативен Центар – алатка за успешна примена на младинските политики“. Целта на овој настан е да се разменат искуствата од воспоставувањето на Младинските Информативни Центри во Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција, и нивната улога во имплементацијата на младинските политики. На овој настан учество ќе земат претставници од локални самоуправи и совети на општини од Македонија како и гости од регионот на Долна Нормандија.

Оваа активност е дел од Акцијата Млади, образование, локално и европско граѓанство во рамките на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција, раководен од Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА), и имплементиран од Коалиција на младински организации СЕГА – Македонија и Европската куќа – Франција.

Bookmark and Share

Последно освежено на Понеделник, 23 Август 2010 08:32
 
Проект: „Совети на Млади во Локалните Самоуправи“
Вторник, 03 Август 2010 15:12

Од 01 Август 2010 – 31 Јули 2011 година Коалицијата на младински организации СЕГА ќе го спроведува проектот „Совети на Млади во Локалните Самоуправа“. Целта на проектот е директно да се поддржи младинското учество на локално ниво преку развивање на институционални механизми во рамките на Локалната Самоуправа, како и да се промовира потребата за транспарентност и отвореност на Локалните Самоуправи.

Со проектот ќе се формираат Совети на Млади и младински Парламенти во градовите Делчево, Кавадарци и Струмица по претходна изразена согласност од страна на Локалните Самоуправи за интегрирање на овој модел на учество. Според тоа, Коалиција СЕГА продолжува со аплицирање на моделот на Совети на Млади и во другите градови во Република Македонија, после успешно имплементираните во текот на 2009 година во Штип, Ресен и Радовиш.
Овој проект е финансиран од Балканскиот Фонд за Демократија (Balkan Trust for Democracy) со финансиска поддршка од $25.000,00 и од Коалиција СЕГА која учествува со $20.891,00.

Bookmark and Share

Последно освежено на Понеделник, 23 Август 2010 08:34
 
Одржани средби со неформални младински групи и организации
Понеделник, 26 Јули 2010 09:54

На 21ви Јуни во Велес и Кратово се одржаа средби со веќе постоечки неформални младински групи и организации, во насока на зајакнување на капацитетите и нивна регистрација како здруженија на граѓани. Целта на овие средби беше да им се објаснат можностите, предностите и придобивките на младинските групи од нивното регистрирање како здружение на граѓани. На младинските групи кои ќе покажат заинтересираност Коалиција СЕГА ќе им обезбеди правна и финансиска поддршка за отпочнување на процес на регистрација.

Оваа активност е во рамките на проектот :“Поддршка на младински активизам во Република Македонија кој започна со имплементација од 1ви јуни 2010 година од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, а ќе се спроведува во пет градови од Република Македонија.

Проектот се спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА за 2010 год која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.

Последно освежено на Сабота, 14 Август 2010 11:20
 
Повик за PEER едукатори
Четврток, 15 Јули 2010 22:09

Во периодот од 01 Јуни – 31 Декември, Коалиција на младински организации СЕГА го имплементира проектот: “Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија“ во Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Тетово, Гостивар, Скопје и Куманово. Овој проект се спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА за 2010 година која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.

Целта на проектот е да се зајакне и промовира меѓукултурниот дијалог во деловите од Македонија каде има млади од различни етнички потекла. Во состав на активностите од проектот предвидено е да се формира тим од тренери (peer едукатори), да се организира Тренинг за тренери и да се организираат PEER едукативни работилници во средните училишта во селектираните градови.

За таа цел во период од 27 - 29 август 2010 година во Струга ќе се организира Тренинг за тренери (peer едукатори). Секој од идните едукатори ќе има задача да организира едукативни работилници, односно стекнатото знаење од тренингот да го пренесат на своите врсници во средните училишта.

За учество во оваа активност ќе бидат селектирани 22 ученици од средно училиште од селектираните градови.

Сите заинтересирани за учество во оваа активност (учество на Тренинг и тренери и организирање на PEER работилници) можат да се пријават со пополнување на Апликација (во прилог на овој текст) која треба да ја испратат на следната адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it или на факс: 048 429 390 со назнака „Апликација за учество на обука за пеер едукатори“.

Краен рок за испраќање на апликации е 31 јули 2010 година.

Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 08 август 2010 година.

За дополнителни информации, слободно контактирајте со:

Моника ИЛИОСКА
Асистент на проектот
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Ана ЖЕЖОСКА
Асистент на проектот
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Коалиција СЕГА
Централна канцеларија
Телефон/факс: 048 429 390

Download: Апликација за учество на обука за пеер едукатори

Последно освежено на Петок, 16 Јули 2010 10:36
 
Организирана регионална дискусија за иницирање на закон за млади во Тетово
Вторник, 13 Јули 2010 01:00

 

На 13 јули 2010 во општина Тетово, Коалиција на младински организации СЕГА организираше “Регионална дискусија за иницирање на Закон за млади во Република Македонија”. Оваа дискусија е реализирана во партнерство со Агенција за млади и спорт на Република Македонија, во рамките на проектот “Анализа на домашната и европската легислатива која го уредува статусот на младите” кој е дел од годишната програма на Коалицијата СЕГА финансирана од програмата Civica Mobilitas.

Говорници на дискусијата беа: Гордана Цекова - советник за младинска политика во Агенција за млади и спорт, Елена Димовска – помлад соработник во Министерство за правда на Р.М и Зоран Илиески – Извршен директор на Коалиција СЕГА. На настанот присуствуваа средношколци, студенти и претставници на младински организации.

На дискусијата беа презентирани клучните препораки на истражувањето дека е потребно да се подготви закон за млади со кој би се опфатиле два сегменти, младинско организирање и совет на млади, Според присутните законот за млади треба да опфати дефинирање на поимот млади, правата и обврските, казнените одредби, функционирањето на младинските организации. Исто така на дискусијата беше даден предлог законот да ги опфати приоритетите од Националната Стратегија за Млади на РМ.

Последно освежено на Четврток, 12 Август 2010 15:20
 
Повик за учество на ЕВС обука во Суботица, Србија
Четврток, 08 Јули 2010 05:47

Коалиција на младински организации СЕГА  е партнер организација на ЛДА од Суботица, Србија којашто го имплементира проектот “Let’s EVS now”. Во рамките на овој проект од 15 – 22 Октомври во Суботица ќе се организира обука за ЕВС програмата. Главна цел на обуката е да се обучат лица поврзани со ЕВС (ментори, тутори,  ЕВС промотори) преку подигање на свеста и разбирањето за квалитетот на ЕВС проектите според стандардите на програмата Млади во Акција.

Сите заинтересирани за учество можат да аплицираат пополнувајќи го Формуларот кој е во прилог на оваа порака. Патните трошоците за учество на  овој настан ќе се рефундираат 70%, додека останатите 30% се на товар на учесникот.

Апликацијата за учество на овај настан треба да се испрати на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со назнака “Апликација за учество на тренинг ЕВС“.

Крајниот рок за испраќање на апликациите е 14.07.2010 година.

Апликација Download

Информации за обуката Download

Последно освежено на Четврток, 08 Јули 2010 11:06
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 19